1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Разговори Буш - Блер

Џорџ Буш во Вашингтон го дочека првиот државник по неговиот реизбор на почетокот на ноември. Тоа е кој друг, ако не сојузникот од Лондон, Тони Блер. Американскиот претседател се заблагодари со пофалби, вети помирување со Европа и поддршка за независна Палестина.

default

Прес конференција во Белата куќа. На почетокот Буш ја фали добрата соработка со Велика Британија. Претседателот го нарече британскиот премиер – човек со нескршливи убедувања.

Двајцата на палестинскиот народ, по смртта на Арафат, му ветија свое сочувство. Но, Буш нагласи и дека сега се отвора можност за нов полет на блискоисточниот мировен процес. Ако Палестинците во наредните недели изберат нов претседател, тогаш првиот чекор кон демократска држава Палестина е веќе направен. Двете држави , САД и Велика Британија, ја делат визијата за мир на Блискиот исток, изјави Буш. Тој се надева на праведно и мирно решение за конфликтот меѓу Арапите и Израелците.

Блер нагласи: целта е две држави – Израел и Палестина, две демократски држави, кои егзистираат рамо до рамо.

Сепак, Буш беше претпазлив што се однесува до ангажманот на САД. Прво мора Палестинците да изберат ново раководство. Одговорноста за првите чекори во претстоен мировен процес лежат кај Палестинците и Израелците. Тој, основањето палестинска држава го стави во временска рамка од 4 години – до почетокот на 2009-та. Двајцата соговорници разговараа и за состојбата во Ирак, и причините за напрегнатите односи меѓу САД и Европа. САД и Велика Британија ќе стојат една до друга во борбата против теророт, рече Блер. И тој и Буш се оптимисти што се однесува до демократизацијата на Ирак. Буш изрази задоволство од воената офанзива во Фалуџа. Направен е значаен напредок, но според него, може да се смета со нов бран насилства пред изборите во Ирак, во јануари.

Освен тоа на прес конференцијата американскиот претседател најави и дека има намера да патува во Европа на почетокот на наредната година. Америка и Европа се столбовите на слободниот свет, рече Буш. Затоа, тој сака во својот втор мандат да работи на продлабочување на трансатлантските односи.