1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Разговорите ќе продолжат

Во дводневните разговори, меѓу високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана и главниот ирански преговарач Али Лариџани вчера и завчера во Берлин, не бил постигнат договор околу спорната иранска атомска програма , но сепак бил направен мал напредок.

И шефот на германската дипломатија Штајнмаер се сретна со Лариџани

И шефот на германската дипломатија Штајнмаер се сретна со Лариџани

Иран и ЕУ ќе продолжат да преговараат околу спорната атомска програма на Tехеран . Како што најави првиот европски дипломат Хавиер Солана разговорите би требало да продолжат кон средината на наредната недела .

„Направивме мал напредок. Има уште некои прашања кои не треба да бидат затворени – изјави Солана по разговорите со главниот ирански преговарач Али Лариџани.

Претставникот на Техеран пак истакна дека седумчасовните разговори во последните два дена во германскиот главен град прижиле некои можни заклучоци и исто како и Солана најави продолжување на преговорите.

„Се надеваме дека ќе бидеме во состојба во што побрзо време за ги започнеме главните преговори истакна Лариџани.

Двајцата дипломати не одговараа на новинарски прашања , дпа така останува нејасно дали има промени во ставот на Иран околу проблематичното збогатување ураниум .

Инаку , Берлин беше дискретен домаќин на новата рунда разговори меѓу ЕУ и Иран , на барање на властите во Техеран.

И германскито министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер издвои време да се состане со Лариџани . Тој по средбата изрази надеж дека ќе може да се избегне интервенција на Советот за безбедност на ОН , која би значела воведување на санкции против Иран .

Штајнмаер за весникот Ди Велт истакна дека за него е неприфатливо да се менува понудата која меѓународната заедница му ја достави на Иран . Петте постојани членки во Советот за безбедност на ОН и Германија му понудија на Иран една широка и безусловна соработка – истакна Штајнмаердодавајќи дека пред да може да започнат конкретни преговори , Иран мора недвосмислено да покаже дека неговата атомска програма е исклучиво за мирољубиви цели – порача германскиот министер.