1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Разврска на скандалот во Формула 1

Ново продолжение во серијата скандали на Баварската покраинска банка „Бајерн ЛБ“: деновиве е уапсен Герхард Грибковски, поранешен член на управниот одбор. Тој се сомничи за поткупливост, проневера и затајување на данок.

default

Герхард Грибковски, поранешен член на управниот одбор на банката „Баерн ЛБ“

Парите, за чие потекло се интересира државното обвинителство од Минхен, можеби доаѓаат од опкружувањето на Формула 1. Банката „Бајерн ЛБ“ повеќе случајно станала сопственик на маркетиншки права за трките во автомобилизам Формула 1 за 2004 година: му дала кредит од две милијарди евра на медиумскиот претприемач Лео Кирх, кој претходно ги откупил правата, а по неговиот банкрот тие преминале кај „Бајерн ЛБ“.

Притисок врз шефот на Формула 1

Bayern LB

Банката „Баерн ЛБ“ повеќе случајно станала сопственик на маркетиншки права за Формула 1

Банката немала искуство во таа многу специфичната област. Сепак Грибковски, заедно со банките „Лимен брадерс“ и „ЈП Морган Кејс“, косопственици на трките, прво со тужба вршеле притисок врз шефот на Формула 1, Берни Еклстон сакајќи да остварат поголема контрола. Тогаш се чинеше дека моќниот Еклстон ќе биде истиснат од Формула 1, оти во исто време и повеќе автомобилски концерни се закануваа со напуштање на скапото натпреварување. Притоа Вернер Шмит, тогашен шеф на „Бајерн ЛБ“, уште порано зборуваше за намерата, што е можно побргу да се продадат акциите од Формула 1:

„Ние како банка сметаме дека Формула 1 не спаѓа во сржта на нашата работа, ние сме банкари и навистина немаме многу поим од трките во Формула 1. Тоа значи дека сигурно нема долгорочно да го задржиме ова.“

50 милиони во знак на „благодарност“

Formel 1 Sieg Vettel Große Preis von Japan 2010

За случајот со Формула 1 Грибковски ќе биде изведен пред суд годинава

Во 2005 година Грибковски ги продал маркетиншките права за Формула 1 на британското инвестициско друштво ЦВЦ, а придружна последица на продажбата беше дека Еклстон ја зачува власта. Сега се шпекулира дали Грибковски добил 50 милиони американски долари од ЦВЦ или од Еклстон, во знак на „благодарност“ што не се одлучил за некој друг инвеститор. Грибковски ги оданочил парите во Австрија. Од првичната сума му преостанале 25 милиони евра, кои ги вложил во Фондацијата „Зоненшајн“, чија официјална цел е поддршка за основачот, како и за лица што тој ќе ги наведе.

Герхард Грибковски е еден од поранешните членови на управниот одбор на баварската покраинска банка, од кои бордот на директори бара обесштетување поради загубата од милијарди при купувањето на австриската банка „Хипо Алпе Адрија“. Од кругови на правосудството се проценува дека за случајов со Формула 1 тој ќе биде изведен пред суд во текот на годинава, а дотогаш веројатно ќе остане во истражен затвор. Ако се докажат обвиненијата, му се заканува казна затвор во траење од пет до десет години.

Автор: Чарли Гринеберг / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Борис Георгиевски

Поврзана содржина