1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Развојот на демократијата со придонес за либералзирање на верското живеење во Македонија

Како да се подобри сорабпотката меѓу верските групи во Македонија? Со ова прашањеденовиве ќе се занимава гермаснкиот бискуп Јозеф Хомајер кој по покана на фондацијата Конрад Аденауер деновиве престојува во Скопје.

Joзеф Хомајер од германската бискупија Хилдесхајм е во Скопје да се запознае со проблемите на верските групи. Во организација на фондацијата Конрад Аденауер бискупот Хомајер треба да помогне да се интитуционализира меѓурелигискиот совет во Македија и да се подобри соработката меѓу верските групи. Односите меѓу Македонија и Ватикан, бискупот Хомајер ги оценува како мошне добри со подготвеност и на двете страни за натамошно зближување.

Без да се впушта во оценка на верските слободи во Македонија и да прецизира какви впечатоци за религискиот живот во Македонија ќе понесе во Европа, Хомајер за Дојче Веле изјави. „Прво ќе кажам дека Македонија е од Бога привилегирана земја во однос на своите убавини во споредба со другите земји. Јас сум сигурен дека лицата кои се одговорни во политиката ќе согледаат дека во едно демократско и либерално оптштество она што треба секој граѓанин да го ужива е слободата во изборот на својата вера и религија, како и можноста својата обука односно веронаука да ја добие за она што му го нуди државата како слобода“, вели Бискупот Хомајер.

Вчера во просториите на Конрад Аденауер во Скопје се собраа претставници на сите верски групи и религиозни заедници во Македонија. Германскиот бискуп вели дека на средбата разговарале за актуелните теми од оваа сфера, за новиот закон и за воведувањето на веронаука во образованието. За случајот Вранишковски, Хомајер кој во една пригода од поранешната Влада писмено побара да биде ослободен од затвор, вели дека нема доволно информации. Дојче Веле го праша каков е неговиот став во врска со одбивањето на македонската држава да ја признае црквата на екс владиката Јован. „Треба да ги знам фактите ако е така како што кажувате Вие, тогаш тоа не е добро, неможам повеќе да кажам не ја знам ситуацијата“, вели германскиот бискуп.

Европа бара од Македонија либерализација на законите што го регулираат верското живеење во земјата. Од друга страна двете доминантни верски заедници Македонската Православана Црква и Исламската верска заедница не даваат согласност за закон што ќе овозможи регистрација на јовановата охридска архиепискшија и на бехтешката заеница. Последната верзија што ја подготви македонската влада чека виза од Венецијанската комисија при Советот на Европа.