1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Разбуди се“: Повик за бојкот на претседателските избори

Невладината организација „Разбуди се“ ги повикува сите гласачи Албанци во Македонија да не учествуваат на претседателските избори во земјата кои ќе се одржат на 13. и 27. април годинава.

Граѓанското движење „Разбуди се“ најави дека ќе започне кампања на средби со албанските граѓани, но и со другите заедници, за да ги информира гласачите од албанскиот блок околу потребата да не го земаат гласачкото ливче за Претседател, посебно не во вториот круг и на тој начин да ги бојкотираат претседателските избори во Македонија на 13 и 27 април годинава.

Од „Разбуди се“ ги повикаа и другите организации од албанското цивилно општество, Исламската верска заедница, како и албанските медиуми, на заедничка работа кон оневозможувањето на избор на претседател на Македонија којшто е неприфатлив за Албанците.

Според нив, ниту еден претседател на државата не може да биде легитимен претставник без албанските гласови и сметаат дека во иднина, претседател треба да се избере во Собрание на Република Македонија со двотретинско мнозинство.