1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Разбрани луѓе

Рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот американски колега Џорџ Буш потврди дека патот кон демократија е неповратен процес. Уште за време на средбата беше јасно дека за Буш најголема грижа се страхувањата од автокртакси тенденции во стилот на владеењето на Путин. Се чини, по средбата Буш беше задоволен од објаснувањата и посебно ја подвлече согласноста околу опасностите од терористич

Буш и Путин се разбрале за сите прашања вчера во Братислава

Буш и Путин се разбрале за сите прашања вчера во Братислава

�а или нуклеарна природа.

Се разбрале, изјавија Путин и Буш и тоа посебно го подвлекоа. Заедничките искуства од тероризмот овозможија зголемено разбирање, изјави американскиот претседател непосредно по средбата:

“Тој доживеа неколку тешки напади во земјата. Знам што значи тоа, тој е лидер како мене. Ги познавам напнатоста, тагата, агонијата, ги познавам чувствата што се појавуваат кога ќе се види како недолжни луѓе губат животи. Го споделивме тоа и се надевам дека веќе никогаш нема да треба да го правиме тоа“.

Договорен е заеднички настап против тероризмот. Постигната е согласност да се спречи ширењето на атомско оружје и на против-воздушни ракети. Нуклеарниот тероризам е најголемата опасност за безбедносната на обете земји. Буш конкртено ги спомна Иран и Северна Кореја како земји од кои доаѓа таква опасност. Русија и САД имаат намера да ја подобрат заедничката способност за реагирање во случај на нуклеарен напад. Освен тоа експерти на обете земји ќе работат врз безбедноста на нивните атомски постројки.

На самитот стана збор и за демократскиот развој во Русија. Путин изјави:

“Ние немаме потреба да размислуваме за посебен вид руска демократија. Пред 14 години Русија самата се определи во полза на демократијата без притисок однадвор. Го направи тоа во сопствен интерес, за сопствениот народ и за своите граѓани. Тој избор е конечен и ние не сме на пат назад, таков пат нема“.

Претседателот Буш не ја повтори критиката на Кондолиза Рајс врз демократскиот развој во Русија. За темата отворено разговарал, но Путин доволно јансо објаснил зошто морал да преземе одредени чекори. Рускиот претседател отворено рече што мисли и зошто прави одредени потези. Токму затоа посебно го цени:

“Она што го вели и го мисли. Да значи да, не значи не. Понекогаш да во политиката значи можеби, а не значи да. Владимир е тип кој вели да кога мисли да и не кога мисли не“.

За оваа година се предвидени и други средби меѓу нив. Путин изјави дека Буш ја прифатил поканата да допатува во Москва на одбележувањето на завршувањето на Втората светска војна на 9 мај.