1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Радијацијата од Фукушима и натаму се заканува

Бројот на жртвите по катастрофата во Јапонија е преку 11.000 луѓе, а повеќе од 17.000 се водат за исчезнати. На населението му претстојат уште потешки времиња, со оглед на информациите од атомска централа Фукушима.

default

Во атомската централа Фукушима состојбата и натаму е опасна. Работите се непредвидливи, рече јапонскиот премиер Наото Кан денеска на седницата на Комисијата за буџет во горниот дом на Парламентот.

Во земјата околу нуклеарката претходно беше откриен високорадиоактивниот плутониум. Како што информираше јапонската новинска агенција Кјодо, траги на мали дози од опасниот радиоактивен материјал се констатирани на пет места. Владиниот портпарол Јукио Едано потврди дека радиоактивните супстанци најверојатно потекнуваат од оштетениот реактор 2. „Жалиме што водата, која дојде во допир со стопените нуклеарни прачки, истекува од реакторот. Сега мора да пружиме уште поголеми напори, за да спречиме натамошно проширување на опасноста по здравјето. Важно е радиоактивната вода да не продре до подземните води или до морето.“

Fukushima Japan Reaktorkatastrophe Atomkatastrophe 29. März

Јапонската влада претходно обелодени дека во вториот реактор изминатите две недели дошло до топење на нуклеарниот материјал. Се претпоставува дека процесот во меѓувреме е стопиран, меѓутоа што точно се случува во оштетениот реактор и натаму е нејасно. Хидехико Нишијама, портпарол на властите за атомска безбедност: „Во моментов можеме само да претпоставиме, дека радиоактивната вода, утврдена на јужниот одвод истекла кон север. Не знаеме ништо повеќе од оваа претпоставка.“

Поради високата радијација, работниците го намалија количеството вода, која беше прскана за ладење на реакторот два. Температурата во внатрешноста на реакторот затоа повторно се искачи, известува новинската агенција Јиџи.

При иденфикацијата на жртвите од 11 март, полицијата се потпира на интернет. На околу 4.000 тела пронајдени во покраините Мијаги, Ивате и Фукушима се’ уште не им е утврден идентитетот, објавува агенцијата Кјодо. Затоа полицијата објавила информации на интернет за облеката и висината на жртвите, како и за личните предмети пронајдени кај жртвите.

Автор: Бернд Муш Боровска/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски

DW.COM