1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Радијацијата го загрозува морето околу Фукушима

Во примероците на морската вода земени кај јапонската нуклеарна централа Фукушима количината на радиоактивен јод е 1.250 пати поголема од дозволеното, соопшти денеска јапонската агенција за нуклеарна безбедност.

default

Експертите сметаат дека радиоактивноста испуштена во морето ќе биде разблажена од плимата, но дека е потребно многу повеќе концентрација за да радиоактивниот јод биде впиен од морските алги и животните.

Пред две недели северниот дел од Јапонија го погоди најпрво земјотрес, а потоа и цунами. Јапонците уште не можат да се соземат по овие катастрофи, по кои стигна нов страв-зголемена радијација, контаминација на водата и на некои прехранбени производи.

Japan Fukushima Arbeiten am Reaktor wieder aufgenommen

Јапонската новинска агенција Кјодо тврди дека бројот на жртвите од земјотресот и цунамито е поголем од десет илјади, додека околу 18 илјади луѓе се водат за исчезнати. Откако дојде до оштетување на нуклеарната централа Фукушима, пожарникарите, војниците и вработените во електраната се обидуваат да ги поправат системите за ладење за да ја спречат емисијата на радиоактивност. Во четвртокот тројца работници беа хоспитализирани поради допир со радиоактивна вода додека спроведуваа електрични кабли.

Радиоактивниот бран е опасност за светот

Експертите веруваат дека радиоактивниот бран наредниве денови и недели ќе го обиколи светот. На западниот брег на САД веќе се измерени зголемени вредности на радијација, наредниве денови радиоактивните честички ќе стигнат наводно и во повеќе земји од Европа, но нема да бидат штетни по здравје.

Во Токиот владее се‘ поголема загриженост меѓу граѓаните поради контаминираните животни продукти. Покрај водата од водоводот, констатирана е контаминација и на други производи. Трговците од рибниот пазар Цукији во главниот јапонски град веќе воопшто не добиваат риби од север.

„Пратки со риба од радиоактивните региони веќе воопшто не добиваме“, вели еден трговец со риби.

Но, дури и неконтаминираните производи тешко се продаваат, поради стравот на потрошувачите, вели еден пилјар, едноставно, стравот кај луѓето е преголем:

„Стравот постои и кај производите од другите региони. Не можеме да го продадеме ниту спанаќот од Ибараки, и зеленчукот од јужниот дел на земјата“, вели пилјарот.

Внимателност со зеленчукот и овошјето

Japan Erdbeben Tsunami Atomkraftwerk Fukushima Daiichi Luftbild

Радиоактивни материи се констатирани на зеленчук и овошје произведено во радиус од 30 километри од атомската централа Фукушима. Посебно е опасно јадење зелка, брокула или салата, кои имаат големи листови, па полсено собираат радиоактивни честички. Стручњаците велат дека под млаз вода може да се отстрани и до 90 проценти од честичките, но и тоа е недоволно.

Не се несигурни само потрошувачите, тукуи и самите трговци, како што вели еден од нив:

„Не знам колку можеме да веруваме во тврдењата на властите. Одкаде можам да знам дали моите производи се контаминирани? Ако не знам ни самиот, што да им кажам на муштериите? Сакам ова никогаш да не се случеше“.

Зеленчукот кој расте под земја како моркови и ротквици не е толку загрозен, зашто радијацијата се‘ уште не продре толку длабоко. Експертите сметаат дека истече само радиоактивен изотоп Јод 131, чие негативно дејство трае осум дена. Многу полош за здравјето на човетот е цезиумот. Тој може да делува негативно и децении потоа. Така и денеска некои печурки во јужна Германија се опасни за јадење и 25 години по катастрофата во Чернобил.

Автор: Бернд Муш Боровска/Јудит Хартл/дв/Жана Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски