1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Radio D

Радио Д – аудиокурс за почетници

Радиоговорниот курс „Радио Д“ содржи два дела со по 26 лекции. Лекциите траат 15 минути. Тематски, радио-курсот одговара на телевизискиот јазичен курс, „Редакција Д“.

Репортерите на Радио Д

Учете германски со Филип и Паула

Содржина: низ двете серии на јазичниот курс со по 26 лекции ве водат Паула и Филип. Двајцата уредници на редакцијата „Радио Д“ истражуваат мистериозни случаи и патуваат низ цела Германија.

Прв дел: од првата до 26-та лекција, Паула и Филип го посетуваат замокот Нојшванштајн каде се сретнуваат со кралот Лудвиг. Од Хамбург известуваат за ајкула во пристаништето, а за време на карневалот во Шварцвалд, двајцата уредници се запознаваат со вештерки....

Втор дел: 27-та до 52-та лекција се во подготовка.

Целна група: двете серии на курсот „Радио Д“ според европските стандарди се на ниво на степен А1 (прва серија) и А2 (втора серија). Курсот е наменет за почетници со мали или без никакви познавања.

Јазици: Курсот „Радио Д“ е преведен на 16 јазици (делумно се’ уште во продукција)

  • Арапски
  • Бугарски
  • Кинески
  • Англиски
  • Фарси
  • Француски
  • Индонезиски
  • Свахили
  • Хрватски
  • Македонски
  • Полски
  • Португалски / Бразил
  • Романски
  • Руски
  • Шпански
  • Турски

Детали околу емитувањето на аудиоверзијата можете да најдете преку интернет-понудата на Дојче Веле, на секој од наведените јазици.

Придружни материјали:

Прв дел: придружната книга за првите 26 лекции е во продажба. Книгата содржи две ЦД-а со говорна верзија од секоја лекција. Таа го поддржува процесот на учење и помага лекциите полесно да се разберат. Книгата обработува и одделни граматички категории и нуди вежби за продлабочување на знаењето, а помага и за проширување на фондот на зборови.

Книгата е само на германски јазик (еднојазична), но има и придружен прирачник со упатствата, информации за граматиката и краток граматички преглед на соодветниот јазик. Во Германија, книгата со прирачник на англиски јазик може да се порача преку издавачката куќа Langenscheidt (http://www.langenschaiedt.de). Доколку имате прашања, можете да ги испратите на адреса kundenservice@langenscheidt.de . Во некои региони е достапно двојазично, лиценцирано издание на придружната книга и може да се купи во локалните книжарници. Информации за ова може да добиете преку Гете институтот на адреса http://www.goethe.de/knt/deindex.html

Втор дел: за втората серија и лекциите од 27-та до 52-та се’ уште нема придружен материјал. За него дополнително ќе ве информираме.

Други информации: „Радио Д“ е составен дел од мултимедијалниот јазичен курс „Редакција Д“, којшто се состои од следниве компоненти:

  • Аудио јазичен курс со придружен материјал
  • Телевизиски / Видео јазичен курс со придружен материјал
  • Јазични Online курсеви кои се плаќаат (CD – ROM со посебни инструкции)