1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Радио-брановите подобри од пестицидите

Група научници од ирскиот универзитет Лимерик постигна голем успех со едно истражување кое го започна пред 15 години. Станува збор за изум кој ја зголемува отпорноста на билките - без пестициди.

Во истражувањето учествуваа научници за земјоделство, но и биолози и хемичари. Научниците докажаа дека водата третирана со радио-бранови има позитивни ефекти врз времето на изртување на земјоделските култури, како и на нивниот раст. Освен тоа, таа ја зголемува и нивната отпорност. „Успеавме да докажеме дека третманот на водата со радио-бранови создава физички ефекти во структурата на водата“, вели д-р Џ.Џ.Лихи, еден од хемичарите кои учествуваа во проектот. Споменатиот доказ датира од пред десет години и е верификуван со експерименти кои независно ги извршија шестмина хемичари. Потоа беше утврдено дека водата на која влијаеле радио-брановите подобро ги врзува атмосферскиот азот во форма на нитрати и го збогатува тлото со минерали кои се неоходни за раст на билките.

Збогатена вода

Научниците тврдат дека со поливање на билките со таква вода во иднина ќе ја направат непотребна интензивната употреба на пестициди. Тоа значи дека постои еколошка алтернатива за генетски модифицираните организми.

Како изгледаше истражувањето на ефектот на радио-брановите на вода?

Symbolbild Hydrokultur Gemüseanbau Bangladesch

Салата одлгедувана со витализирана вода - поздрава и поотпорна

Професорот по хемија и еколошки науки, Остин Дараг со група колеги, електричниот напон од 24 волти најпрво го претвори во радио-бранови со фреквенција до 27 MHz, а нив во водата ги пренесе со специјална антена. Така дојде до промена на структурата на водата: се зголеми нејзината растворливост и способност за врзување на други материи. Последица од сето тоа е водата побрзо и подобро да продира во билката и така поефектно да ги снабдува коренот и листовите со неопходните хранливи материи. Тоа доведува до подобар развој на коренскиот систем на билките, што придонесува за нејзината отпорност и ја смалува потрошувачката на вода.

Официјално проверено со салата

Овој метод го доби името „Ви-аква“ - витализирана вода. Таа има и други добри особини: посилно ја поттикнува фотосинтезата на билките. Тоа пак доведува до зголемување на количината на атмосферски јаглен-диоксид кој се претвора во биомаса. Целокупниот принос за овошјето и зеленчукот се зголемува за 30 отсто. Водата третирана со радио-бранови позитивно делува и на микроорганизмите во земјата, што го подмладува земјиштето и ја смалува неговата ерозија.

Харолд Лолер, еден од водечките ирски стручњаци за земјоделство и директор на ирската Национална ботаничка градина, вели дека лично го следел одгледувањето на салата вадена со вода третирана со радио-бранови и можел да ја спореди таа салата со онаа која била одгледувана на конвенционален начин: „Се гледаше јасна разлика“, пренесува Лолер „билките вадени со експерименалната вода беа поздрави и поотпорни. Им беше потребно помалку ѓубриво, а нивните корени подобро можеа да црпат хранливи материи од земјиштето“.

Ако оваа метода во натамошните експерименти се покаже како добра, би можела да стане сериозна алтернатива за методите во конвенционалното земјоделство. Тоа би значело и значајно намалување на употребата на пестициди и генетски манипулирани билки.