1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Радикална исламска група ја презеде одговорноста за нападот во Ташкент

Вчерашните напади би можеле да имаат локална заднина и не мора безусловно да му се припишат на меѓународниот тероризам

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов

Еден ден по серијата самоубиствени бомбашки напади пред амбасадите на САД и Израел и во зградата на Државното обвинителство во узбекистанскиот главен град Ташкент, владата го коригира бројот на жртвите на шест, вклучително тројцата атентатори. Од 9-те повредени лица, едно почина (тоа е шестата жртва на нападот). Во информациите вчера по нападите се зборуваше за до 11 загинати. Одговорноста за нападите ја презеде една радикална исламистичка група. Полицијата денеска уапси група лица осомничени за учество во нападите. Нивниот идентитет не е соопштен.

Нападите се совпаѓаат со почетокот на процесот против 15 лица обвинети за тероризам, кои во март и април годинава се обиделе да ја соборат узбекистанската влада и претседателот Ислам Каримов. Обвинетите во својот исказ опишале дека биле обучувани во логор за обука на терористи во пограничната област меѓу Авганистан и Пакистан, заедно со преостанати талибански и борци на Ал Каеда. Ним им са заканува смртна казна. Во пролетните обиди за соборување на режимот загинаа 47 лица – 33-ца од напаѓачите, како и деветмина полицајци и пет цивили. Претседателот Каримов, кој со цврста рака владее со некогашната република на Советскиот сојуз од нејзината независност во 1990-та година, применува брутални постапки против исламските екстремисти. Групи на поборници за човекови права му префрлуваат на претседателот за прогони угнетување на опозицијата и непочитување на човековите права. Се претпоставува дека во узбекистанските затвори се наоѓаат 6 илјади лица како политички затвореници. Така погледнато, вчерашните напади би можеле да имаат локална заднина и не мора безусловно да му се припишат на меѓународниот тероризам.

Узбекистан, кој граничи со Авганистан, се најде во визирот на терористите затоа што владата по нападите од 11-ти септември 2001-ва година демонстративно застана на страната на САД и им ги отвори воените постројки за операциите во Авганистан. Американците и натаму ги користат авганистанските аеродроми.