1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Радикален Норвежанец закана за Западот

Европски безбедносни службеници информираа дека еден Норвежанец, кој бил на обука во камп на Ал Каеда во Јемен, чека наредба за да изврши напад во некоја од западните земји.

default

Норвежанецот минал обука во камп на Ал Каеда

Функционери од три европски држави го потврдија случајот и информираа дека Норвежанецот е оперативен, односно дека ја завршил обуката и чека мета. Се работи за маж во своите триесетти години, кој станал радикален исламист, откако го прифатил исламот пред четири години. Се верува дека тој се’ уште се наоѓа во Јемен.

Агенцијата АП јавува дека разузнавачките служби од Европа и САД долго време стравувале од ваков случај – лице кое прифатило ислам и минало низ обука на терористичките методи, а притоа може лесно да патува, бидејќи не е ограничено со визи.

Припадниците на разузнавачките служби истакнуваат дека не можат во јавност да изнесуваат други податоци за случајот. Одбиваат да соопштат и за името на Норвежанецот, кој не е обвинет за ниту едно кривично дело. Засега, според истите извори, не е одредена целта за напад.

Европските разузнавачки служби изминатите години предупредуваа на опасност од растечка радикализација на муслимани кои патуваат на обука во терористички кампови во зони на конфликт.