1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Радикален исламизам и во Бугарија?

Во Бугарија се води судски процес против 13 наводни членови на радикално исламистичка организација, обвинети за ширење верска омраза и антидемократски пароли. Процесот меѓу муслиманите предизвикува незадоволство и страв.

Дванаесет мажи и една жена во јуни годинава беа обвинети дека му припаѓаат на бугарскиот огранок на забранетата организација „Ал Уакф Ал Ислами“. Се смета дека организацијата основана во Саудиска Арабија одржува врски со Ал Каеда. Обвинетите, освен тоа, се товарат за ширење на радикален исламизам во јужните региони на земјата. Тоа наводно се случувало за време на молитви во џамиите и на други муслимански манифестации, во периодот од март 2008. до октомври 2010. година. Меѓу обвинетите се и еден поранешен голем муфтија, повеќе имами и учители. Процесот почна на 18 септември во Пазарџик, а ќе трае до 28. септември. Пресудата најверојатно ќе биде донесена на крајот на октомври.

Обвинетите ги отфрлаат обвинувањата. Тие, според сопствено тврдење, проповедале традиционален ислам, но во никој случај радикален ислам. И членовите на Советот на муслиманите во Бугарија на работите гледа слично - тие зборуваат за „вештачки создадени тензии“ меѓу мохамеданската заедница и

Bulgarien Land und Leute Frauen im Bergdorf Borino

Акцијата на бугарската национална безбедносна агенција ДАНС била спроведена во градовите и селата во регионот на Родопите

бугарското мнозинско население. „Многу сме иритирани од тврдењата на обвинителството“, вели Хусеин Хафазов, портпарол на Советот на муслиманите во Бугарија. Во земјата живеат над 750.000 муслимани, што претставува 10 проценти од населението.

Магловита акција

Обвинетите се уапсени пред две години, по една акција на бугарската национална безбедносна агенција ДАНС. Агенцијата добила информации за антидемократска пропаганда во јужните региони на Бугарија. Кој дал информации, меѓутоа, до денес не е јасно. За време на акцијата спроведена во градовите и селата во регионот на Родопите, од џамии, канцеларии и приватни домови се запленети компјутери, мобилни телефони и триесет вреќи со книги на арапски јазик. Книгите потоа биле преведени, но опширен извештај никогаш не е објавен. Обвинителството тврди дека во текстовите се откриени радикални идеи. Две години по акцијата запленетите предмети се‘ уште не се вратени назад, така што не може да се проверат ваквите обвинувања. Она што е неспорно е дека повеќето обвинети студирале во Саудиска Арабија.

Еден од нив е и Саид Мехмед Мутлу, кој наводно е прв човек на бугарскиот огранок на „Ал Уакф Ал Ислами“. Според обвинението, тој во селото Сарница

Bulgarische Wähler bei der Stimmabgabe

Саид Мехмед Мутлу од муслиманите наводно барал да не учествуваат на изборите во земјата

ширел верска омраза, односно од муслиманите наводно барал да не прават зделки со лица кои не се муслимани и да не учествуваат на изборите во земјата, поради тоа што власта се доделува од страна на Алах, а не од луѓе.

„Нема докази“

Красимир Канев, претседател на бугарскиот Хелсиншки комитет, го прочитал обвинението од 130 страници повеќе пати. „Нема докази дека обвинетите се радикални исламисти. Се работи за мирни проповеди, кои од страна на обвинителството се опишани како салафистички и како проповеди кои му противречат на традиционалниот ислам во Бугарија“, вели Канев. Не е забрането да се раскажува дека Алах е над државата. Истото го тврди и папата за христијанскиот Бог, оценува Канев. „Вакви изјави не се доволни за кривично гонење. Би било сосема поинаку кога би се проповедало насилство. Но, за такво нешто во обвинието не станува збор“, додава претседателот на бугарскиот Хелсиншки комитет. Канев додава дека своеволни рации во приватни домови без налог за претрес во кој ќе биде образложена причината за претресот е казниво дело.

Banya Bashi Moschee in Sofia

Помалку од 30 проценти муслимани се сметаат себеси за строго религиозни

Антонина Жељазкова, директор на Меѓународниот центар за малцински студии, смета: „Од овој судски процес нема никој да излезе како победник, ниту националната безбедносна агенција, ниту политичарите. Ќе има само еден голем губитник - државата“.

Муслиманите во Бугарија живеат во страв

Процесот во Пазарџик кај бугарските муслимани предизвикува незадоволство и страв, нагласува Канев. Целата ситуација ексалираше во јули, со атентатот врз израелски туристи во Бургас. Во бугарската јавност за тоа генерално се упатуваат обвинувања на сметка на муслиманите. Со тоа муслиманското малцинство се изолира. Предрасудите само уште повеќе се зголемија, вели Канев. Притоа, едно актуелно истражување на Новиот бугарски универзитет во Софија покажува дека помалку од 30 проценти муслимани во земјата се сметаат себеси за строго религиозни.