1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Работни места

Коментар на Карл Завадски

Работници

Работници

Невработеноста е помалку конјунктурен, а многу повеќе структурен проблем. А, за тоа се потребни време и стрпливост.

За Хелмут Шмит беше јасно: добивките од денес се инвестиции за утре и работни места за задутре. Тогашниот канцелар кон крајот на седумдесттите и почетокот на осумдесеттите години имаше обичај да го зборува тоа кога добивките на фирмите беа критикувани во јавноста. Можеби неговата тогашна логика функционираше, но денесе веќе не. Инаку, би било многу убаво, зашто големите концерни во Германија постигнуваат рекордни добивки. Меѓутоа, тоа не е следено од создавање нови работни места. Уште повеќе: додека добивките скор експлозивно растат, работните места и натаму се намалуваат. Делумно тоа се случува директно во полза на ќарот.

Зошто денес е погрешно она што се уште беше исправно пред само 25 години? Прво, затоа што со напредната економска интеграција во Европа и со глобализацијата во светот се променија вкупните рамковни услови. И второ, затоа што невработеноста во Германија не е резултат на конјунктурна слабост, туку е структурен проблем. По секое слабеење бројот невработени се зголемува за по стотина илјади, но кога конјунктурата јакне таа во никој случај не е следена со истата бројка вработувања. Циклус по циклус растеше бројот невработени на подолг период. Многу нешта зборуваат дека во моментов во Германија почнува нов растеж и дека бројот невработени малку ќе се намали. Меѓутоа, невработеноста нема долгорочно да се намалува од зголемен растеж на стопанството. Причината за тоа, на пример, е што скоро половината од невработените не се доволно квалификувани, а обичните работни места во фирмите се рационализираат. Освен тоа, фирмите дел од своите добивки инвестираат таму каде што производството е поефтино и каде што се отвораат нови пазари. Тоа значи дека се отвораат работни места но главно во Источна Европа, во Азија или Америка. И тоа, од аголот на фирмите, не е недозволено, што пак не значи дека општеството и политиката треба немо да посматраат, напротив. Итно е потребно на тоа да се реагира со офанзива во науката и образованието. Како може успешно да се совлада структурната промена, покажува примерот на Адидас. Ако фирмата се обидеше да и се спротивстави на глобализацијата, одамна ќе пропаднеше. Зашто спортска опрема во Германија веќе не можеше да се произведува со конкурентски цени. Адидас денес во Германија има подеднакво толку вработени како и пред 20 години, но во науката, развојот, логистиката и маркетингот, а произведува во земји каде што платите се пониски и затоа има успех на светските пазари. Фирмите што офанзивно настапуваат кон структурните промени имаат најдобри шанси. Значи, образованието мора да се модернизира и тоа од училиштата до универзитетите. Вложувањата во образованието носат најголема добивка и најголема сигурност во глобализираната економија. Во меѓувреме ова сознание се проби во Германија: на ред е политиката.

Карл Завадски