1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Работнички суспендиран од УЕФА

Македонскиот клуб, двајца фудбалери, како и физиотерапевтот и лекарот, се суспендирани поради позитивен допинг тест по минатогодишниот дуел против Лацио.

default

Европската фудбалска унија УЕФА суспендираше двајца фудбалери на скопски Работнички поради допинг и го исфрли клубот од европските натпреварувања во траење од една година. Фудбалерите Милован Петровиќ и Дино Најдоски биле позитивни на допинг тестот по минатогодишниот дуел против Лацио во квалификациите за Лига Европа. Двајцата нема да можат да настапуваат во тековната сезона. Меѓу казнетите се и физиотерапевтот Дарко Велчевски и клупскиот лекар на Работнички, Михајло Ивановски и тоа со две и тригодишни забрани за работа. Скопскиот клуб ќе мора да плати и казна од 30 илјади евра.

Од УЕФА не соопштија кои недозволени средства ги користеле фудбалерите, а Работнички има право на жалба на одлуката, иако таа е помала од она што се очекуваше.