1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Работнички против Лацио за Лига Европа

Македонскиот тим доби атрактивен противник во последната квалификациска фаза за пласман во групите на Лига Европа. Во Лигата на шампионите, Бајерн Минхен против Цирих. Дербито меѓу Арсенал и Удинезе.

default

Уште еден атрактивен противник за Работнички. фото: од ланскиот дуел против Ливерпул во Скопје

Единствениот преостанат македонски претставник Работнички ќе игра против италијански Лацио за пласман во групната фаза на Лига Европа. Скопскиот тим во претходното коло од квалификациите го елиминираше кипарскиот Анортозис. Клучна се покажа победата од 2:0 на скопскиот тим во првиот меч на Кипар. Во реваншот во Скопје во четвртокот, кипраните победија со 2:1, но тоа не беше доволно за натамошен пласман.

Германските тимови имаа различна среќа во жрепката која денеска се одржа во швајцарскиот Нион. Победникот на купот, Шалке ќе игра против финскиот Хелсинки, додека Хановер ќе има тешка задача против шпанската Севилја.

Првите мечеви се играат на 18 август, а реваншите седум дена подоцна. Работнички во првиот меч ќе гостува во Рим, а дуелот во Скопје е закажан за 25 август.

Бајерн против Цирих

Денеска беа извлечени двојките и за последното квалификациско коло во Лигата на шампионите. Последна пречка на германскиот Бајерн Минхен за пласман во фазата по групи ќе биде швајцарскиот вицепрвак Цирих. Во останатите дуели

Eintracht Braunschweig - Bayern München DFB-Pokal Saison 2011/12

Бајерн се надева на финале во Лигата на Шампионите кое годинава се игра во Минхен

силите ќе ги одмерат:

Висла Краков (Полска) – АПОЕЛ (Кипар)

Макаби Хаифа (Израел) – Генк (Белгија)

Динамо З. (Хрватска) - Малме (Шведска)

Копенхаген (Данска) – Плзен (Чешка)

Бате Борисов (Белорусија) – Штурм (Австрија)

ОБ (Данска) – Виљареал (Шпанија)

Твенте (Холандија) – Бенфика (Португалија)

Арсенал (Англија) – Удинезе (Италија)

Лион (Франција) - Рубин Казан (Русија)

Првите мечеви ќе се играат на 16 и 17 август, а реваншите седум дена подоцна.

Автор: БГ/ ртр/ уефа

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM