1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Работнички права - што беше тоа?

Македонските синдикати не се снајдоа најдобро во времињата на транзиција. Тие се не само пасивни, туку и во себе обединуваат мал процент од работниците во земјата. Ситуацијата е добредојдена за работодавачите и власта.

default

Растечка невработеност, продлабочување на трговскиот дефицит, пад на индустријата, намален економски раст. Ова е накусо сликата на македонската економија во првата половина на 2009. Прогнозите се дека последиците од економската криза можат уште повеќе да ги влошат економските параметри. Досега, кризата најдиректно ја почувствуваа вработените во реалниот сектор, најпогодени се текстилната и тешката индустрија. Фабриките речиси секојдневно отпуштаат работници. Досега, за само неколку месеци, без работа останаа повеќе илјади луѓе. Со официјална стапка на невработеност од 35 проценти, Македонија е на европскиот врв, повеќе луѓе без работа има само во Косово.

Во синдикатите членуваат само 20% од вкупниот број вработени

Како во оваа ситуација делуваат синдикатите кои по природата на нештата треба да се грижат за правата на работниците?

Во Конфедерацијата на слободни синдикати велат дека во овој период нема потреба да преземаат специјални активности бидејќи нивните членови, барем засега, не

Finanzkrise in Polen

Финансиската криза стега се‘ посилно, работниците се ставени под огромен притисок

биле директно погодени од ефектите на кризата. Претседателот Раско Мишковски за Дојче Веле објаснува:

„Економската криза најмногу се чувствува во секторот за текстил, кожа ...Во Конфедерацијата на слободни синдикати се претежно синдикатите од јавниот сектор. Од мерките што ги презема владата, засегнати сме само во делот на мерката - одлагање на исплатата на платите за десет проценти. Значи, не укинување, туку одлагање на таа мерка.“

Во Македонија има неколку синдикални организации. Сите заедно обединуваат околу 150 илјади работници. Ова значи дека само 20 проценти од вкупниот број вработени во Македонија, што се проценува на 600 илјади, членуваат во некој од четирите синдикати. Оваа бројка на синдикални членови е многу под европскиот просек. Причините за тоа треба да се бараат во ниската доверба на граѓаните во синдикатот, како институција што може да ги артикулира нивните интереси.

ССМ е пасивен

Сојузот на синдикатите на Македонија е првата синдикална организација во земјата. Во последно време е многу пасивна. Обично се огласува за први мај. Одамна не е организиран работнички протест или не е кренат гласот за работничките права. Дали Сојузот одговори на

Finanzkrise in Polen

Повеќе луѓе без работа има само во Косово

предизвикот да ги заштити работниците во текот на транзицијата или не се снајде најдобро? Дојче Веле, во една пригода, го праша првиот човек на ССМ, Ванчо Муратовски за улогата на синдикатот во македонското општество. Тој вели: „Синдикатот, во првите години на македонската транзиција, значи кога беше клучно да се застане на криминалната приватизација што се случи во Македонија, не одговори како што треба, соодветно на неговата улога, не заради тоа што можеби не сакал, туку заради тоа што се‘ уште беа свежи сеќавањата на социјализмот и синдикатот сметаше дека во нормални разговори ќе дојде до заедничко разбирање со властите и ќе биде спроведена приватизација која ќе одговара на работникот и работодавачот. Во секој случај, кај синдикатот немаше агресивност и тоа е основната грешка што дојде до таква приватизација. Тоа не значи дека и подоцна не се правеле грешки, но синдикатот барем нешто работи. Се‘ останато во државата не функционира и ние се чудиме зошто синдикатот не може до крај да ги заштити работниците. “

Синдикатот не е рамноправен соговорник на власта

Соработката меѓу синдикалните организации е слаба и повеќе може да се дефинира како конкуренција во однос на бројноста на членството. Активностите се минимални, речиси никакви. Синдикатот треба да е, но не е рамноправен партнер на владата и работодавачите. Синдикалните лидери повеќе се однесуваат како функционери отколку како борци за работничките права. Мишковски вели: „Како синдикат не можеме да бидеме

Konjunktur, EU, Deutschland, Haushaltsdefizit, quo vadis?

Како натаму?

најзадоволни, бидејќи секогаш, во делот на социјалниот дијалог, мора да има прогрес. Македонија сака да стане членка на ЕУ, а од искуството што го имаат другите европски држави се гледа дека синдикатот е многу важен фактор во разговорите, преговорите и договарањето на вакви мерки.“

Синдикалната борба допрва ќе се разгорува. Проблемите на работниците не завршуваат со економската криза. Голем број работници со месеци не добиваат плата, работат на црно со нерегулирано работно време, трпат злоупотреби од работодавачите. Ниту еден синдикат не реагира на ваквите случувања. Отсуството на синдикален притисок, работодавачите го искористија за да донесеат нов закон за работни односи, кој во голема мера ги скусува работничките права.


Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM