1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Работнички не успеа да се пласира во Лигата на шампионите

default

Македонскиот претставник Работнички ќе учествува во Купот на УЕФА, откако и во Скопје доживеа пораз од францускиот фудбалски прволигаш Лил – овој пат со 1 спрема 0 - и не успеа да се пласира во Лигата на шампионите. Подвиг и не можеше да се очекува, оти Лил како домаќин во првиот натпревар си обезбеди убедлива предност од 3 спрема 0.

Изненадување се случи синоќа во Амстердам: Ајакс кој во првиот натпревар како гостин славеше победа од 2 спрема 1, дома загуби од данскиот претставник Копенхаген со 2 спрема 0, па славниот холандски тим нема да биде меѓу учесниците во Лигата на шампионите.

По синоќешните реванш-средби место во најквалитетното европско клупско натпреварување си обезбедија и Спартак и ЦСКА од Москва, Галатасарај Истанбул, Стеауа Букурешт, Динамо Киев, Шахтјор Доњецк, АЕК Атина, Левски Софија и Арсенал Лондон.