1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Работнички - единствен претставник во фудбалска Европа

Популарниот скопски клуб со четири победи во првите две кола од Лигата на Европа ја продолжува успешната клупска приказна од претходните неколку сезони.

default

Новиот тренер на Работнички, Горан Петревски

До третата рунда, Работнички стигна, оставајќи ги зад себе Левадија од Естонија и Јувенес од Сан Марино. Очекувана ли беше оваа низа од победи за некогашниот македонски фудбалски ас Горан Петревски, сега тренер-дебитант во Работнички?

„Не знавме кои екипи ќе бидат на ждрепката. Кога видовме дека играме со тимови од Естонија и Сан Марино, клубот имаше посебена мотивација. За овие четри победи сметам дека се најзаслужни играчите.“

Следен тест

Следниот предизвик е Анортозис од Кипар. Силен опонент,скорешен учесник и во група од Лигата на шампионите.

Fußballspiel FC Liverpool gegen FC Rabotnicki

Работнички лани ги одмери силите со славниот Ливерпул

„Анортозос во оваа сезона има 11 нови играчи. Доколку направиме добар резултат на домашен терен со помош на публиката мислам дека имаме реални шанси за поголем успех“.

За моментниот играчки квалитет на Работнички, Петревски вели:

„Имаме квалететни млади играчи, кои во тимот се заедно со искусните. Нашата визија е да направиме резултати, но и да вадиме млади талентирани фудбалери.“

Интересно првенство

Работнички вози на Европскиот колосек, но набрзо ќе стартува и на домашниот, на македонскиот. Со какви амбиции? „Сите сме мобилизирани да размислуваме за успех на сите три фронта и секогаш ќе одиме на победа“.

Каква е проценката на Петревски за екипите, кои во претстојната сезона ќе се борат за приматот во македонскиот фудбал? „Оваа сезона првенството ќе биде најинтересно, бидејки Шкендија и Металург во Европа покажаа дека се многу силни тимови.

Fußballspiel FC Liverpool gegen FC Rabotnicki

Навивачите на Ливерпул на натпреварот во Скопје минатиот јули

Тука е Ренова, Вардар се засилува и затоа мислам дека ова ќе биде многу квалитетно првенство“.

Млад тренер

Горан Петревски беше одличен фудбалер, изданок на вардаровата фудбалска школа. Беше голем миленик на навивачите. Со своите голови ги пленеше срцата и на фудбалските фенови во Хрватска и во Кореја... Сега ги минува првите етапи на тренерскиот предизвик. Вели, Работнички е вистинската средина за работа.

„Јас сум сега млад и на почеток на тренерската кариера. Јас сум многу професионално внесен во клубот и сакам максимално да им го пренесам моето знаење на играчите, да сфатат дека фудбалот е број еден. Ги имаме сите услови за работа, правиот пат е тој и успесите ќе си дојдат сами по себе“.

Автор: Златко Калински

Редактор: Горан Чутаноски