1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Работници држат директори во заложништво

Работниците на фабриката за гуми „Гудјиар“ во Франција зедоа во заложништво двајца директори и во замена за нивната слобода бараат да им се исплатат високи отпремнини.

default

Работниците во фабриката за гуми „Гудјиар“ во францускиот град Амиен, затворија во понеделникот (6.01) двајца директори во канцеларијата за конференции. Синдикатот соопшти дека генералниот и кадровскиот директор се спречени да си заминат по исклучително тешкиот состанок со вработените.

Работниците се лути поради определбата на раководството да ја затвори фабриката и бараат таа да продолжи да работи или во спротивно да добијат високи отпремнини. Во замена за пуштање на слобода на директорите, работниците бараат отпремнини од по 80 илјади евра, како и дополнителни 2.500 евра за секоја година работен стаж.

Тие дури им дозволија и на група новинари да влезат во просторијата каде беа држени директорите, но тие одбија да разговараат со нив.

„Ме држат тука веќе 3-4 часа и нема шанси да одговарам на прашања под притисок“, изјави Бернард Глесер, директор за човечки ресурси на „Гудјиар“.

„Грабнувањето на директори“ стана честа појава во Франција во 2009 година, кога кулминираше економската криза, но оттогаш ретко имаше ваков случај. „Гудјиар“ веќе пет години настојува да ја преструктуира или да ја затвори фабриката во Амиен, северна Франција, што беше оневозможувано од насилни протести на вработените, загриженоста на владата и продолжената процедура за отпуштање на работници во Франција.