1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Работниците од атинскиот јавен превоз на улица

Грчките работници во јавниот транспорт маршираа пред парламентот за да протестираат за најавените кратења на платите и по наредбата и присилното запирање на штрајкот од страна на владата.

Околу 2.000 членови од синдикатот ПАМЕ денеска мирно протестираа во грчката престолнина. Незадоволни се што владата сака да им ги промени договорите за работа и да им ги направи платите слични на оние што ги земаат другите државни службеници, а тоа значи дека нивните плати во иднина треба да бидат помали. Изразено во бројки тоа значи дека досегашната месечна плата од 2.500 евра треба да се намали на 2.038 евра. Синдикатите подоцна во текот на денот ќе имаат состанок за да одлучат какви мерки да преземат во иднина, откако нивниот 9-дневен штрајк вчера беше насилно прекинат од страна на полициските сили.

Владата претходно им се закани на луѓето кои се затворија во депото на атинското метро дека ќе употреби сила, ќе подели откази и ќе ги испрати на петгодишна затворска казна оние што нема да се откажат од штрајкот.

Griechenland Streik der U-Bahn-Angestellten in Athen

Работниците не се согласуваат со кратењето на платите

Ваквите мерки на грчката влада не се критикувани само од засегнатите работници, туку и од опозицијата, која смета дека таквото однесување на владата е екстремно и авторитарно. Премиерот Антонис Самарас го брани чекорот на својата влада со тоа што нагласува дека тој е дел од мерките за штедење ветени пред меѓународните донатори.

„Грчкиот народ поднесе огромни жртви. Нема да дозволам исклучоци. Јавниот транспорт не му припаѓа на еснафот, туку на народот“, рече Самарас.