1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Работниците во Фукушима на работ на силите

„Гринпис“ побара зоната на евакуација околу оштетената атомска централа Фукушима во Јапонија поради зголемена радијација да биде проширена на радиус од 40 километри. Работниците во Фукушима се на крај на силите.

default

Во трка со времето-работници во атомската централа Фукушима

Додека во атомската електрана Фукушима продолжуваат напорите за спречување натамошно спречување на истекувањето радиоактивна вода во морето и на копното, од фирмата која управува со нуклеарката, Тепко, се бара да ги подобри работните услови на работниците кои работат на ремонтот. Техничарите, војниците и пожарникарите според јапонскиот весник Јомиури Шинбун се на работ на силите. Тие со недели се изложени на опасната радијација во обидот да спречат нуклеарна катастрофа, не добиваат доволно јадење и не повеќе од еден ипол литар вода дневно. Според јапонската новинска агенција Кјодо, за овие работници има само два оброка дневно, кои се состојат од кекси и ориз. На почетокот добивале само сув леб. Поради зголеменото радиоактивно зрачење околу Фукушима, дотурот на прехранбени производи се одвива само одвреме-навреме.

Fukushima Japan Reaktorkatastrophe Atomkatastrophe 29. März

Зголемени вредности на радиоактивност и во морето

Соочување со реалноста

И во погодените области на северниот дел од земјата состојбата не е подобрена. Преживеаните од цунамито од пред околу три недели ги пребаруваат урнатините на своите куќи барајќи тела на блиските и вредни предмети. Во Рикуцентака, во провинцијата Ивате, северно од Фукушима, 75 проценти од куќите се целосно уништени. Загинаа 40 проценти од граѓаните. Меѓу преживеаните е Јутака Сузуки:

„Не верувам дека наскоро состојбата многу ќе се подобри, но секој мора да помогне, за да оди побрзо“.

Еики Хамада останал без најголемиот дел од своите роднини и пријатели:

„Она што се случи е сурова реалност. Не смее да се мисли на минатото, единствено останува да се гледа во иднината“.

Japan Erdbeben Tsunami Atomreaktor

Илјадници во принудни сместувалишта

Бројот на загинати официјално е над 11 илјади. Повеќе од 16 илјади луѓе се водат за исчезнати. Околу 4 илјади тела најдени во префектурата Мијаги уште не се идентификувани.

Повеќе од 200 илјади жители на брегот се без покрив на главата и со недели живеат во принудни сместувалишта.

Автор: Бернд Муш Боровска/ Жана Ацеска

Редактор: Симе Недевски