1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Работниците во Македонија притиснати до ѕид

Работодавците не ги почитуваат законските права на работниците пропишани со законот, а надлежните предлагаат избрзани измени со кој двојно повеќе се зголемува рокот за кој работодавците ќе можат да делат откази

Со последните предложени измени на Законот за работни односи, во делот на застареноста, а кои се во Собраниска процедура, Владата предлага зголемување на временскиот рок во кој работодавецот може да му даде отказ на работникот. И наместо како досега, во изминатите шест месеци од денот на 'настапување на фактите за отказ’, со новите измени ќе можат да му дадат отказ во изминатите 12 месеци. Образложението на Владата односно на Министерството за труд и социјална политика е дека „измените се неопходни бидејќи во практика се покажа дека досегашните рокови со застареност се кратки“.

Дополнителни можности на работодавците да даваат откази

По реакциите од неколку невладини здруженија за социјална правда на

Mazedonien Land und Leute Fabrik Nähbetrieb in Bitola

работниците, Владата односно Економско - социјалниот совет на последната седница го намали првичниот драстично зголемен рок со кој работникот може да добие отказ од работодавачот.

„Но и со најновите измени, овие рокови за отказ сепак се двојно зголемени на штета на работникот“, оценува Димитар Апасиев од Движењето за социјална правда ’Ленка’ и професор по Правни науки на Штипскиот универзитет ’Гоце Делчев', за ДВ и констатира:

„Ваквото двојно зголемување на роковите за отказ на работниците на предлог на надлежните, во практика во голема мера ќе биде злоупотребувано од поедини работодавци. Тоа значи дека им се отвораат дополнителни можности да ’копаат’ во минатото по причина за отказ на некој работник“.

Работниците се револтирани од предлог измените на законот од страна на надлежните на нивна штета. Еден од нив кој од оправдани причини сакаше да остане анонимен, за ДВ ни изјави:

„И така кога ќе посакаат без посебна причина работодавците наоѓаат ’некои нивни докази’ да не избркаат од работа, посебно ако отворено им се спротивставиме на нивните според мене робовладетелски тортури кои секојдневно ги вршат врз нас на работните места. Со новите измени, на нашите газди со амин на надлежните согласно законот, им се дава двојно поголем рок тоа да го сторат на наша штета“.

Кој ги штити работничките права?

Иако од ССМ досега офицално не рагираа до надлежните за ваквите предлог измени на Законот, тие во писмената изјавата за ДВ информираат дека преговараат со надлежните за заштита на работничките права:

„Унапредениот социјален дијалог во државата, овозможи ССМ како репрeзентативен синдикат и актуелен социјален партнер, активно да учествува по пат на социјален дијалог преку Економско - социјалниот совет, во донесувањето на законите од работно - правната област и нивните измени и дополнувања, а ние тоа ќе го направиме и за овие предлог измени“.

Анѓелко Анѓелковски од ССМ смета дека работничките права се добро регулирани со законите и колективните договори, но постојат одделни работодавци кои не ги почитуваат работнички права содржани во Законот за работни односи и други закони кои ги регулираат работничките права. Анѓелковски во изјавата за ДВ потенцира:

Mazedonien Land und Leute

„Во Македонија постојат закони со кои се штитат работничките права за што и ние како Синдикат се залагаме. Но од страна на поедини работодавци постои кршење на работничките права во делот на кратење на платите, продолжувањето на работното време за работниците и негово неевидентирање и давање на откази во несогласност со законите“

Да се повлечат измените на Законот за работни односи, а кои се на штета на работниците, деновиве во Собранието на Република Македонија побараа пратениците од опозицијата.

На ваквите нивни забелешки, преку македонските медиумите реагираше заменик - министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими кој потенцира:

„Го толкувате решението како што ви одговара. Одржан е состанок со претставници на Економско - социјалниот совет и сите засегнати по што заклучивме дека Законот е добар. Но текстот ќе се подобри во следната фаза, со усвојување на одредени амандмани предлози и сугестии“.

Професорот по правни науки Димитар Апасиев за ДВ резимира „ од 2005 година кога е донесен новиот Закон за работни до денеска има направено 15 измени и дополненија, а со кои драстично се намалени работничките права“.