1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Работа на црно во пораст

Регуларната работа е важен извор на даночни приходи за Германија, но даноците и другите давачки ја поскапуваат работа. Затоа се повеќе се ангажираат работници на црно.

default

Најмногу се бараат занаетчии кои работат на црно

Резултатот од анкетата на Институтот на германското стопанство гласи: секој трет возрасен човек платил за некоја услуга без да добие сметка, и тоа во просек дал 1000 евра. Секој петти испитаник работел на црно. Карен Хорн, експерт од институтот, вели:

„Типичен профил на работник на црно е маж, на возраст под трисет години и заработува помалку од 1500 евра нето“. Најгоре на листата се занаетчиските работи, а по нив следат услуги за потребите на семејствата - од градинарски работи, преку чистачки, до грижа за лица. Само пет процети од овие услуги се легално пријавени, покажува испитувањето на Институтот. Осум од десет испитаници немаат грижа на совест поради тоа што некого илегално ангажирале.

Работата на црно да се легализира

Институтот предлага амбициозна цел: поголемиот дел од овие услуги, за кои домаќинствата плаќаат на црно, можат да се стават во легални рамки, вели Карен Хорн.

Putzhilfe im Haushalt

Се бараат и жени што чистат

„Се надеваме дека кога политиката ќе преземе соодветни мерки, би можеле да се легализираат до 60% од овие услужни дејности, и со тоа да бидат создадени до 300 000 легални работни места со полно работно време“.

Според експертите, тоа би било еден вид мала конјуктурна програма. Меѓу мерките коишто ги предлага Институтот се интернет платформи за посредување на такви услужни дејности и пониски даноци и давачки за потенцијалните побарувачи на услугите. Холгер Шефер предлага и основање агенции за услужни дејности, но и самиот пресметал дека по правило извршената работа би чинела двојно поскапо.

Сојузната влада се согласува со предлози како овие од Институтот, со цел да се елиминира работата на црно и истовремено да се поттикне и стопанството. Поради тоа годинава приватните лица, кои користат услуги на занаетчии, можат да сметаат на даночно растоварување за дел од трошоците. Ова е содржано во првиот конјунктурен пакет, усвоен на почетокот на декември 2008 година.