1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пјонгјанг ја заострува воената реторика

Тензиите на Корејскиот полуостров растат. Северна Кореја денеска повторно се закани со „моќен физички одговор“ на поморските маневри на САД и Јужна Кореја како и за најавените санкции од страна на Вашингтон.

default

Поморски маневри предизвикуваат тензии на Корејскиот полуостров

Северна Кореја ја заостри реториката воочи воените вежби на САД и Јужна Кореја, кои започнуваат утре заканувајќи се со силен нуклеарен одговор. Владата во Пјонгјанг порача дека е подготвена за „света војна“.

Ри Тонг Ил претставник на комунистичката држава на Форумот за безбедноста во Азија што се одржува во виетнамскиот град Ханој, истакна дека планираните маневри претставуваат закана за безбедноста на целиот Корејски полуостров:

„Ова е уште еден израз на непријателска политика кон Северна Кореја. А нашата позиција е јасна. Ќе има физички одговор на воените закани од САД“, истакна Тонг Ил.

САД стојат цврсто во одбрана на Јужна Кореја

Hillary Rodham Clinton Südkorea

Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс беа во Сеул да и изразат поддршка на Јужна Кореја

Од друга страна владата во Вашингтон соопшти дека нема да се вклучи во војната со зборови. Сега се неопходни помалку провокативни зборови, а повеќе конструктивни дела од Северна Кореја, порача портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули.

Шефицата на Стејт Департментот Хилари Клинтон која исто така учествува на конференцијата во Ханои пак истакна:

„Вознемирувачки е кога Северна Кореја продолжува со своите закани и предизвикува страв кај нејзините соседи и во поширокиот регион. Но ние уште еднаш преку воените вежби ќе демонстрираме дека САД стојат цврсто во одбрана на Јужна Кореја“

САД и Јужна Кореја ги најавија четиридневните поморски маневри како реакција на потопувањето на еден јужнокорејски воен брод, за кое Сеул го обвинува Пјонгјанг. Северна Кореја негира дека има каква било врска со потонувањето на бродот во кој загинаа 46 морнари.

Автор:СН/БГ/ртре/дв

Редактор:Борис Георгиевски