1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пјонгјанг ја блокираше границата со Јужна Кореја

Властите во Северна Кореја одлучија да ја спуштат рампата за стотици работници од Јужна Кореја кои секојдневно работат во заедничкиот индустриски сектор. Џон Кери повторно му изрази поддршка на Сеул.

default

Индустрискиот комплекс Кесон

Севернокорејските власти не им дозволија денеска на јужнокорејските работници да стигнат до работните места во заедничкиот индустриски комплекс Кесон, соопшти Министерството за национално обединување во Сеул и очевидци. Претставник на Министерството додаде дека неколку стотини Јужнокорејци, кои во моментот се на смена во индустриската зона, ќе имаат право да ја напуштат. Јужнокорејската Влада ги презема сите неопходни мерки, за да ја гарантира безбедноста на своите граѓани на територијата на комплексот, истакна тој.

Причината е дека севернокорејската страна не ја даде вообичаената дозвола за преминување на границата во тој западен сектор.

Во Кесон дејствуваат 123 јужнокорејски фирми, кои обезбедуваат прехрана на 50.000 севернокорејски работници, кои произведуваат евтини животни намирници.

Комплексот создаден во почетокот на 21век како форма на меѓународна соработка, обезбедува трговска размена на две милијарди долари годишно за Северна Кореја.

Katar Doha USA Außenminister Kerry mit Hamad ibn Dschasim ibn Dschabir Al Thani

Државниот секретар на САД Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД ќе се бранат и ќе се заштитуваат себе си и Република Кореја, која е соочена со заканите од Северна Кореја.

На прес-конференција со јужнокорејскиот министер за надворешни работи Јун Биунг-се, американскиот секретар Кери ја опиша сегашната севернокорејска воинствена реторика како „неприфатлива“.

Властите во Пјонгјанг презедоа низа офанзивни чекори по извршувањето на својата трета по ред нуклеарна проба. Северна Кореја отпочна со својата борбена реторика и заканите кон југот на Корејскиот Полуостров и кон САД, откако ОН ги заострија и онака тешките санкции против властите на Северот по нивната последна нуклеарна проба, а посебно по одржувањето на редовната, годишна американско-јужнокорејска воена вежба.

Официјален Пјонгјанг во понеделникот најави повторно активирање на главниот нуклеарен комплекс во Јонгбјон, што државниот секретар Џон Кери го оквалификува како „провокативен и сериозен чекор“. Генаралниот секретар на ОН Бан Ки Мун повика на итни разговори, откако рече дека кризата на Полуостровот „веќе отиде предалеку“.