1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пјонгјанг-ѕвечкање со атомско оружје

Северна Кореја со децении наназад ја користи својата нуклеарна програма со цел да заплашува и уценува. Но САД и натаму одбиваат да ја признаат Северна Кореја како нуклеарна сила.

Реакторот во нуклеарниот центар во Јонгбјон треба да биде повторно ставен во погон, известија државните медиуми во Северна Кореја. Реакторот и постројките за облагородување ураниум ќе бидат повторно активирани, беше соопштено вчера.
Вашингтон е многу загрижен од последната провокација од Пјонгјанг. САД имаа недоразбирања околу атомската програма во Пјонгјанг со сите три севернокорејски претседатели во последните две децении. Американскиот претседател Бил Клинтон во 1994. година во билатерални преговори постигна договор со тогашниот севернокорејски претседател Ким Ил Сунг владата во Пјонгјанг да ги замрзне активностите за производтсво на нуклеарно оружје, а меѓународната заедница се обврза за возврат да испрати во оваа земја два реактора со лесна вода кои се употребуваат за цивилни потреби. Председателот Џорџ Буш во 2002 година ја стави Северна Кореја во групата-земји кои ги означи „оска на злото“ и воведе санкции против режимот на Ким Јонг Ил.

Благодарејќи на посредувањето на Кина американскиот претседател Буш во 2003 година ги прифати т.н. шестпартитни преговори во кои покрај САД и Кина учествуваа и Северна Кореја, Јужна Кореја, Русија и Јапонија со цел да се стави под контрола севернокорејското нуклеарно вооружување. Неговиот наследник Барак Обама во меѓувреме има работа со Ким Јонг Ун и цврсто верува оти  благодарејќи на доволниот притисок врз Северна Кореја ќе дојде до напредок по ова прашање. Факт е дека Северна Кореја веќе долго ги подгрева верувањата на САД оти ќе прифати купување на нејзината томска програма. Но Пјонгјанг во меѓувреме се откажа од оваа тактика.

Прогласување за атомска сила

По смртта на Ким Јонг Ил во декември 2011 година земјата во својот Устав наведе оти има статус на нуклеарна сила. Потоа Централниот комитет на владеачката Работничка партија одлучи дека арсеналот на  нуклеарно оружје треба да биде квалитативно и квантитативно проширен и оти од тоа не треба да се откажат „се додека постојат империјалисти и нуклеарни закани во светот“. Така повторно беше нагласено дека за атомската програма не може да се преговара, ни за „милијарда долари“.
Постојат две дополнителни причини зошто Северна Кореја не сака да се откаже од атомската бомба. Од една страна станува збор за атомско оружје за севернокорејската војска, која му дава поддршка на можта на семејството Ким, а која е соодветна замена за подобро конвенционално вооружување. За нејзина модернизација на Северна Кореја и недостигаат пари.

Од друга страна оваа земја со сместувањето себеси во редот на нуклеарни сили го зајакнува патриотизмот. Така населението добива малку национална гордост.

Ултимативна заштита

Севернокорејското раководство смета дека атомската бомба е ултимативна заштита против „промената на режимот“. Ова мислење е реакција на пирмер на соборувањето на режимите на Садам Хусеин и на Муамар ел-Гадафи кои ја загубија власта без атомско оружје поради американска инвазија, односно поради американска поддршка на бунтовниците. „Нуклеарната моќ на Народната република претставува живот на нацијата“, рече Ким Јонг Ун на крајот на март. Со други зборови кажано: Атомската бомба гарантира оти САД нема да го нападне раководството во Пјонгјанг.