1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Пјер де Кубертен - дете на своето време

Олимписката ѕвонче одекна на 6. април 1896, кога Георг I од Грција ги отвори првите модерни Олимписки игри. Двигател на повторното раѓање на оваа манифестација беше францускиот историчар и педагог Кубертен.

default

Пјер де Кубертен, таткото на модерните олимписки игри

На еден конгрес во Париз, 1894 година Пјер де Кубертен зборуваше за успех, а подоцна го формира и Меѓународниот олимписки комитет (МОК). „Да се бара од народите да се сакаат меѓусебно е детска работа. Да се вардат меѓусебно, тоа е чиста утопија. Но, за да се вардат мораат прво да се запознаат. Тоа е фундаментот на вистинската слобода“ – порача тогаш Кубертен.

Педагогија преку спортот

Значи, не само „побрзо, повисоко, посилно“, како што гласеше самоизбраното мото на Олимпијадата. Д-р. Томас Бах, поранешен шампион во мечување и актуелен потпретседател на МОК, за мотивите на Кубертен вели „Кубертен сакаше воспитување, педагогија преку спортот и спортски знаменитости што ќе ги поврзат народите. Тоа беа неговите цели – се` друго што слушаме и читаме е ништо повеќе од шпекулација“ – смета Бах.

Историчарите, како Манфред Ламерд од германското средно училиште за физичка култура во Келн, раскажуваат „Се разбира, Кубертен не беше само космополит, само интернационалист како што денеска го гледаме. Тој бил дете на своето време, бил и француски патриот. Има многу ставови во неговите писмени образложувања од кои јасно се гледа колку страдал од францускиот пораз во војната со Прусија“ – раскажува Ламер.

Првите ОИ се темелат на антиката

На почетокот Грците претставувале скоро две третини од сите учесници, кои биле исклучително мажи. Учествувале околу 250 атлети од 13 земји. На почетокот немало национални тимови, а правилото за одлучување за нови видови спортови било повеќе проценка, отколку што се темелело на некаква категорија.

„За овие игри немало претходен пример, ниту организациски, ниту протоколарен. Тоа изгледало како на стадионите да има меѓународни контигенти“ – објаснува Ламер.

За време на претседателството на Пјер Де Кубертен со МОК, за атлетичарките немаше место на ОИ. Тие дури подоцна успеаја да се изборат за учество. „Кубертин се раководеше според грчката антика, а тогаш не учествувале жени. Една од причините зошто се повлече во 1952 година, беше и тоа што ОИ беа отворени и за женските спортисти“ – вели Ламер.