1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пјеонгчанг е домаќин на Зимската Олимпијада 2018

Домаќин на Зимските олимписки игри во 2018 година ќе биде Пјеонгчанг. Одлуката е соопштена денеска (06.07) во Дурбан, а донесена е уште во првиот круг гласање на членовите на Меѓународниот олимписки комитет.

default

Пјеонгчанг е домаќин на Олимпијадата 2018 - соопштено беше во Дурбан

Во тробојот меѓу Минхен, Пјеонгчанг и Анеси за домаќин на зимската Олимпијада во 2018 година, победија Јужнокорејците. Тие во 2010 и 2014 година беа исто така кандидати, но останаа со празни раце. Сега победија уште во првиот круг гласање, а радоста беше неизмерна.

Пјеонгчанг го ветува најкомпактниот и најефектен план на објекти за Олипмијадата. Големи зборови кои лесно може и да се проверат. „Алпензија“, што е кованица од Алпите на Азија, според организаторот, претставуваат срце на целиот систем. Станува збор за стадиони за биатлон и скијачко трчање, како и комплексот Јонпијонг, во кој треба да се одржуваат техничките дисциплини.

Olympia Olympische Winterspiele 2018 Bewerbung Durban

Јужнокорејците победија уште во првиот круг гласање

На само 30 минути оддалеченост се патеките за спуст, сноуборд и скијање слободен стил. Тука е и Алпензија вилиџ, градот којшто никна на полињата со компири, а кој чинеше 1,4 милијарди долари. 90 проценти од спортистите, кои се сместени тука, до своите терени можат да стигнат за пет до десет минути. Кратките растојанија беа и главниот адут на корејскиот организатор.

А, како стојат работите со снегот? Првиот човек на туризмот на Јужна Кореја, Чарм Ли, тврди дека тоа не е проблем. Всушност Ли, кој е и потпретседател на скијачкиот сојуз во таа земја, потекнува од Германија и се вика Бернард Квант, а сега добил јужнокорејско државјанство и е медиумска ѕвезда. „ На зима, почнувајќи од март, има доволно снег. Кога членовите на Комитетот беа овде, ден пред да пристгант падна еден метар и 20 сантиметри снег“, вели тој.

Автор: Тафиг Калил / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Симе Недевски