1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пуштен на слобода поранешниот министер за внатрешни работи на Полска

*

Еден ден по притворањето во врска со скандалот со прислушување полскиот екс министер за внатрешни работи Јануш Кажмарек повторно е на слобода со плаќање кауција. На слобода е и поранешниот шеф на полицијата Конрад Корнатовски, како и претседателот на Управниот одбор на едно осигурително друштво, соопшти обвинителството во Варшава. Ним им се префрлува спречување на правдата. Во јули тие го предупредиле тогашниот министер за земјоделие Андреј Лепер за акцијата на антикорупциските органи. Кажмарек одрекува вина и го обвининува премиерот Јарослав Качински за прислушувањето.