1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Путин ја претстави новата влада

*

Рускиот претседател Владимир Путин го соопшти составот на новата влада, предводена од премиерот Виктор Зубков. На функциите остануваат вицепремиерите Сергеј Иванов и Димитриј Медведев, исто како и министрите за одбрана и надворешни работи Анатоли Сердјуков и Сергеј Лавров. Промени на министерските места има во ресорите економија, социјала и регионален развој. Путин пред две недели ја распушти владата на премиерот Михаил Фрадков, како неопходен чекор воочи претседателските и парламентарни избори во земјата.