1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин ја презеде функцијата

Путин, на почетокот на третиот мандат на чело на државата, денеска вети напредок за Русија и решавање на проблемите.

Владимир Путин при официјалното преземање на должноста, со што започна неговиот трет мандат на руски претседател, вети решавање на најсложените и најтешките прашања во земјата.

„Сакаме да живемее во демократска земја во која секој има слобода за примена на својот талент, работа и сила. Сакаме да живемее во успешна Русија, која се почитува во цел свет како доверлив, отворен, чесен и предвидлив партнер“, рече Путин по положувањето заклетва.

Тој истакна дека светот го видел „оживувањето“ на Русија и оти тоа е заеднички резултат на работата на сите поединци, како и дека благодарение на верувањето во себе е зајакната земјата и вратено е достоинството на големиот народ.

Russland Wladimir Putin und Medvedev

Путин го доби од Медведев т.н. „нуклеарен куфер“ со кодовите за управување со нуклеарното оружје

Путин вети дека ќе за залага за економски развој на земјата и за активно и одговорно цивилно општество, за диверзификација на економијата, зајакнување на развојот на неенергетскиот сектор, зачувување на бесплатното школување и здравствената заштита, зголемување на платите и пензиите, како и модернизацијата на армијата.

Путин потоа ги прими честитките на опозициските лидери и партии и се ракуваше со повеќето од околу три илјади учесници на денешната церемонија, а меѓу нив беа и поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и поранешниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер.

По положувањето на заклетвата, досегашниот Претседател Дмитриј Медведев, во специјално заштитениот кабинет, му го предаде т.н. „нуклеарниот куфер“ - систем со кодовите за управување со нуклеарното оружје.

Честитка од Иванов

Russland Wladimir Putin

На инаугурацијата присуствуваа 3.000 гости

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов упати честиткa до неговиот руски колега Владимир Путин по повод преземањето на функцијата претседател на Руската Федерација. Тој оценува дека македонско-руските односи се традиционално добри.

„Верувам дека ќе се согласите со оценката дека веќе подолг период се чувствува позитивната динамика во односите меѓу нашите земји. Политичкиот дијалог на високо и највиско ниво претставува гаранција за натамошно унапредување и продлабочување на плодната соработка во сите сфери од заемен интерес, особено на економски, енергетски, културен и научно-образовен план“, му пишува Иванов на рускиот претседател.