1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Путин ја критикува американската влада

Вжештениот конфликт со Иран околу атомската програма е денешната тема број еден на конференцијата за безбедност во Минхен. Сепак, политичарите и воените стратези од 40-тина земји сеуште се под импресии на вчерашниот говор на рускиот претседател, Владимир Путин, кој упати остри ктирики на сметка на политиката што ја водат Американците во светот. Белата куќа реагираше со разорачувањена вербалните напади на

Путин на говорницата во Минхен

Путин на говорницата во Минхен

Путин. Портпаролот Гордон Џондроу изјави: ”Неговите обвинувања не се точни”. Белата куќа се надева на натамошна соработка со Русија на многу важното поле – борба против тероризмот и намалување на заканата од оружје за масовно уништување. Што рече всушност Владимир Путин во Минхен?

Колку што повеќе му се поставуваа критички прашања, толку повеќе рускиот претседател, Владимир Путин, добиваше забрзување – тој ја бранеше својата надворешна политика, исто како и внатрешната, го криткуваше НАТО и ги нападна САД: ”Засилено го набљудуваме непочитувањето на основните принципи на меѓународното право, пред се од страна на САД. Тие ги пречекоруваат нивните национални граници – во политиката, економијата и човековите права и ги принудуваат другите држави да го прифатат нивниот систем. Кому тоа би му се допаднало?”

Емоционалните изјави на Путин имаа пред се една порака – тој е сит од перманентните критики на Европа и САД на сметка на Русија. Тој ги обвини САД дека стремат кон трка во вооружување, а проширувањето на НАТО кон исток за него е кршење на довербата. НАТО, освен тоа, не е модел за решение на меѓународните конфликти: ”НАТО не е ОН, не е глобална организација туку е политичко-воен блок. Зошто овој блок мора да се приближува до нашите граници? Денеска најголем меѓународен предизвик е тероризмот. Дали овој проблем може да се реши без Русија? Не! Тоа можеме да го постигнеме само заеднички.”

За ваквие пораки Минхенската конференција на која присуствуваат високи политичари, беше идеален форум – меѓу оние што го слушаа Путин беа генералниот секретар на НАТО, американскиот и германскиот министер за одбрана. Кога дел од набљудувачите поради настапот на Путин се почувствуваа како во времињата на студентата војна, Франц Јозеф Јунг на рускиот претседател, му одговори: ”За среќа ја надминавме студената војна и, и покрај една или друга забелешка, мислам дека така треба и да остане.”

Германската канцеларка, Ангела Меркел, која ја отвори конференцијата во Минхен, се заложи за потесна соработка на НАТО и Русија.