1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин: Соединување со Белорусија е пожелно

Рускиот премиер Владимир Путин смета дека е можно соединување на Русија со западниот сосед Белорусија, 20 години по распадот на Советскиот сојуз. Тој не го исклучи ни присоединувањето на Јужна Осетија.

default

Рускиот премиер Владимир Путин

Идејата за соединување на Русија и Белорусија во 90-те години од минатиот век ја поддржуваше и авторитарниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко. Тој речиси две децении владее со државата на западните граници на Русија и во меѓувреме го отфрла ваквиот проект.

Но десет милионската Белорусија во последно време е погодена од најтешка финансиска криза по стекнувањето на независност во 1991 година, а претседателот Лукашенко се наоѓа под притисок да им ги продаде клучните индустриски објекти на Русите, за да спречи банкрот.

Putin und Lukaschenko, Präsidenten Russlands und Weißrusslands

Владимит Путин и претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко

Соединувањето со Белорусија е можно

Во Русија пак се загрева атмосферата пред претседателските избори кои треба да се одржат во март 2012 година. Во обраќање пред руските младинци-учесници на летниот камп кај езерото Селигер рускиот премиер Владимир Путин, кој покрај актуелниот претседател Дмитри Медведев е најсериозен кандидат за влез во претседателската трка истакна дека ја поддржува идејата за создавање на заедница на Русија со соседната држава Белорусија.

„Враќање кон заедничка држава, како во времето на Советскиот сојуз е можно, пожелно и целосно зависи од волјата на белорускиот народ“, изјави Путин.

Русија и Белорусија се поврзани со царинска унија во која се наоѓа и Казахстан. Двете земји имаат отворени граници, и нивните граѓани можат непречено да влегуваат од една во друга држава и да бараат вработување.

Disput Putin und Medwedew bei Treffen des Staatsrats im Kreml

Путин и претседателот на Русија Дмитри Медведев

Путин се’ уште не се изјаснува за претседелската кандидатура

Путин во обраќањето на езерот Селигер не го исклучи ниту можното присоединување кон Русија на регионот Јужна Осетија, кој меѓународно правно и припаѓа на Грузија но одамна прогласи независност:

„Тоа меѓутоа е одлука на народот на Јужна Осетија“, рече Путин. Политичарите во Јужна Осета постојано ја повторуваат можноста за присоединување кон руската федерална република Северна Осетија. Грузија по војната со Русија во август 2008 година ја загуби контролата над Јужна Осетија и на Абхазија.

Инаку Владимир Путин и натаму не се изјаснува за можната кандидатура за претседателските избори во земјата. Во говорот пред руските младинци кај езерото Селигер, Путин ја пофали одличната соработка со актуелниот претседател на државата, Дмитри Медведев. Овој тандем се покажа како многу ефикасен, нагласи Путин. И Медведев уште не ја објавил кандидатурата за претседателските избори, што треба да се одржат за седум месеци.

Автор:СН/БГ/дпа/бета/макфакс

Редактор: Жана Ацеска