Путин се радува на пријателската средба со Буш | Вести | DW | 01.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Путин се радува на пријателската средба со Буш

*

Рускиот претседател Владимир Путин се радува на пријателската средба со американскиот претседател Џорџ Буш. На дводневната неформална средба која започнува вечерва, Путин очекува двете страни да си ги почитуваат интересите. Во летната резиденција на семејството Буш во Кенебакпорт, двајцата претседатели ќе се обидат да ги надминат разликите по спорните прашања. Статусот на Косово и американскиот антиракетен штит се меѓу главните теми.

За српскиот премиер Коштуница средбата е одлична можност за решавање на косовското прашање како и да се преиспита досегашниот процес.