1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин: Само „братска помош“ за Украина

Претседателот Владимир Путин изјави дека руската помош во милијарди евра за Украина не е насочена против Европската Унија. Тој уште истакна дека Русија сѐ уште нема стационирано ракети од типот Искандар во Калининград

Рускиот претседател Владимир Путин уверува дека одлуката на Москва да ја намали цената на гасот за Украина и да купи украински еврообврзници е израз на желба да му помогне на еден братски народ кој се наоѓа во економска нужда. Ова не беше направено за да се одвратат Украинците од договорот за асоцијација со ЕУ.

„Русија не е против договорот за асоцијација на Украина со ЕУ, но тргнува од потребата да го штити својот пазар, изјави денеска на завршната годишна прес-конференција во Москва рускиот претседател Владимир Путин.

Тој, исто така, истакна дека Украина е „братска земја“ на Русија и дека Москва мора да и помогне кога е во тешка ситуација.

„Ние во принцип не сме против асоцирањето, но едноставно ќе мораме да ја заштитиме сопствената економија. Не можеме да ги оставиме отворени вратите во рамки на зоната за слободна трговија со Украина, доколку таа ги отвори вратите кон ЕУ. Ќе мора да ги затвориме, нагласи Путин.

Што се однесува до најавите за распоредување на руски ракети од краток дострел во руската енклава Калининград како одговор за можниот американски анти-ракетен штит во Европа, рускиот претседател истакна дека Русија сѐ уште не го започнала стационирањето.

„Еден од можните одговори на најавите за анти-ракетен штит во Европа е да се распоредат Искандар ракети во Калининград...но сакам да ве упатам на фактот дека таква одлука сѐ уште не е донесена“, рече Путин. Полска , балтичките држави и САД реагираа загрижено на најавите дека Русија стационирала ракети Искандар во Калининград на границата со НАТО сојузот.