1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Путин: самитот во Загреб камен темелник за нов дијалог и соработка

Енергија достапна за сите побараа претседателите од Југоисточна Европа на самотот во Загреб. Самитот искористен и за билатерални средби со рускиот претседател Путин кој беше специјален гостин на средбата.

default

Производителите и потрошувачите на енергија, ниту транзитните земји, нема да ги користат енергенсите како средство за постигнување на политички цели, а енергијата да им биде достапна на сите. Овие цели стојат во завршната изјава на енергетскиот самит на Југоисточна Европа кој се одржа во Загреб. Домаќинот, хрватскиот претседател Месиќ.

"Само така ќе можеме да влијаеме на политичките односи кои се воспоставуваат во светот и во кој грижата за енергетската иднина станува една од најважните карики на меѓународната соработка."

Деветмината претседатели од регионот и специјалниот гостин, шефот на руската држава Владимир Путин, се согласни – мора да се обезбеди слободна достапност до енергија, а сите заинтересирани страни мора да имаат еднакви услови за инвестирање во енергетски проекти.

Подготвени се и да ги усогласат своите енергетски политики и да вложуваат во откривање на нови заеднички извори на енергија како и во обнова на старите проекти. Сите претседатели во своите говори предупредија од можни судири поради недостаток на енергетски ресурси.

На Балканот му е потребна финансиска помош од ЕУ и Русија за да се справи со кризата. Долгорочно обезбедување на набавка на сигурна енергија и интеграција во регионалниот енергетски пазар со финансиска помош од ЕУ и Русија ќе биде важен фактор на стопанскиот развој на земјите од Југоисточна Европа, согласни се лидерите кои присуствуваа на енергетскиот самит во Загреб. Рускиот претседател Путин верува дека самитот во Загреб ќе биде камен темелник за отворање дијалог и ќе отвори перспективи за понатамошна соработка меѓу земјите, Русија и ЕУ. Русија, рече Путин, отсекогаш имала добри односи со балканските земји, а добрите економски и политички врски се важни за стабилноста и безбедноста во регионот. Тоа се потврди и на билатералните средби меѓу рускиот и останатите претседатели во Загреб. Шефот на македонската држава, Бранко Црвенковски по средбата со Путин изјави дека односите меѓу Македонија и Русија се традиционално пријателски. Сепак двајцата претседатели имаат различен став околу решавањето на косовското прашање. Додека Македонија го поддржува планот на специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари, Русија останува против. Српскиот претседател Борис Тадиќ и во оваа прилика нагласи дека независност на Косово не е компромисно решение.


“Претпоставка за развојот на целиот регион е мирно и двострано пифатливо решение за статусот на српската покраина. Србија останува приврзаник на меѓународното право и си го брани сопствениот територијален интегритет водејќи се од европските принципи. Евентуална независност на Косово би била опасен преседан кој би можел да ја дестабилизира Србија, но и целиот балкански регион, а би можел да влијае и врз други региони во светот”, истакна Тадиќ. Српскиот претседател изјави дека на средбата во Загреб, повторно добил поддршка од Путин во однос на косовското прашање.