1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин сака посилна улога на Русија во светот

Рускиот премиер Владимир Путин, доколку победи на претседателските избори, најавува ангажман за посилна руска улога во светот. Тој ја објави својата програма на интернет и нема да учествува на предизборните дебати.

default

Владимир Путин досега не се појавил на ТВ-дуел

„Правилата на игра во меѓународната политика и економија не можат да се решаваат зад грбот на Русија“, стои во денеска (12.01) објавената изборна програма на Владимир Путин на интернет. „Меѓународната соработка не е еднонасочна улица“, се вели во програмата на Путин, кој најавува „соодветен одговор на еднострани чекори од страна на партнерите кои нема да го почитуваат мислењето на Русија и нејзините интереси“.

Рускиот премиер, на изненадување на набљудувачите, истовремено признава „претерана репресија“ на безбедносните сили кон народот. На интернет страницата www.putin2012.ru се вели: „Ваква ситуација го деформира нашето општество и го прави морално нездраво“. Затоа, според Путин, треба да се размисли за реформа на целиот систем на безбедносни органи.

Путин нема да учествува во телевизиски дебати со другите кандидати за претседателските избори што треба да се одржат на 4 март. Неговиот протпарол изјави дека Путин за тоа нема време поради работните обврски. Опозиционите политичари го нарекоа рускиот премиер „плашливец“.

Автор: ЕМФ/дпа

Редактор: Б. Георгиевски