1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Путин сака да ја „спаси Украина“

Рускиот претседател верува во политичко решение на кризата во Украина. Но, тој чувствува „историска одговорност за спас на земјата од западниот распад на вредностите, изјави Владимир Путин во годишното обраќање.

Владимир Путин ја повтори желбата за стопанско партнерство со кризната поранешна советска република Украина. Тој се залага за политичко решение на актуелната криза, верува дека претседателот Виктор Јанукович и опозицијата ќе најдат решение.

Во неговиот традиционален настап пред нацијата, шефот на Кремљ сепак покажа и како ги оценува масовните демонстрации во Украина. Се работи за протести диригирани од Западот, борба за власт на киевската опозиција околу светскиот првак во бокс, Витали Кличко. Но, движењето нема цели или вистински сили, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Од Кремљ тој упати повик до Украинците да застанат на вистинска страна, имајќи ги во превид хаосот, кризата и распадот на вредности во многу земји.

Русија, за разлика од други, има поинакви стремежи, изјави тој, не споменувајќи ги директно САД и ЕУ. Москва не страда од комплекс на статусна голема сила и никому не пропишува како да живее. Но, истовремено, рече Путин, Русија има посебна историска одговорност во заштитата на традиционалните вредности заради гарантирање на стабилноста и мирот во светот. Во еден свет на растечки противречности, во кој лошото и доброто веќе тешко се разликуваат, Русија сака да заземе водечка улога како гарант на глобалната и регионалната стабилност, истакна рускиот претседател.

61-годишниот државник не остави многу двојба-сака да го реализира својот проект за евроазиска економска унија, кој ЕУ со следи со внимание.

Во годишното обраќање рускиот претседател Владимир Путин нагласи и дека никој во светот не може да има илузија за воена надмоќ над Русија, бидејќи Русија тоа нема да го дозволи, иако не се стреми кон улогата на светска суперсила.

Тој смета дека тоа што други држави во светот го зголемуваат својот стратешки потенцијал во однос на можностите на ракетниот штит, може да предизвика поништување на сите воени договори во стратешката област.

„Тоа предизвикува загриженост и тоа што други држави развиваат потенцијал на нови прецизни системи кои се налик на атомски експлозивни направи со мала моќ, стратешки ракети со конвенционално полнење, надзвучни конвенционални системи наменети за нанесување удар во кратко време и на голема оддалеченост“, нагласи Путин на годишното опбраќање во Долниот и Горниот дом на парламентот.

Путин додаде дека „противракетниот штит само по називот е одбранбен систем“, но во пракса тоа „е суштински дел од стратешки напаѓачки потенцијал“.