1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин сака брзо да се ослободи од Сноуден?

Поранешниот соработник на тајните служби на САД Сноуден не бил поканет, и ќе ја напуштел Москва колку што е можно поскоро. Ова го порача рускиот претседател Владимир Путин и им префрли на САД за нивниот однос.

Поранешниот амеркански соработник на разузнавачките служби Едвард Сноуден бил во Русија само поради тоа што САД вршеле притисок врз сите потенцијални земји каде тој би можело да добие азил. САД, всушност, го блокираа поранешниот соработник на разузнавањето, Едвард Сноуден на територијата на Русија, преку која тој требаше да мине само транзитно, изјави во понеделникот рускиот претседател Владимир Путин.

Snowden am Flughafen

Ед Сноуден повеќе од три недели се наоѓа на московскиот аеродром Шереметјево

„Тој дојде на наша територија без покана, не патуваше кај нас, тој леташе транзитно кон други земји. Меѓутоа, уште додека тој беше во воздух тоа беше познато, и нашите американски партнери, всушност, го блокираа неговото натамошно прелетување“, изјавил рускиот претседател цитиран од РИА Новости.

„Тие самите ги натераа сите други земји, ниедна да не сака да го прими, и така тие, всушност, самите го блокираа на нашата територија“, додал Путин. „Подарувајќи ни го така за Божик“, се пошегувал рускиот претседател.

Путин ја повтори неговата понуда за азил за Сноуден, но нагласи: „Условите за политички азил му се јасни. Последните информации покажуваат, дека тој некако ја менува својата позивција. Конечната ситуација досега не е јасна.“

Истовремено Путин истакнал дека Сноуден сакал да добие постојан престој во друга земја, и нема цел да остане во Русија.

„Имаме одредени односи со САД, ние не сакаме тој со своите активности да предизвика штета на нашите односи со САД. Тој кажа дека нема. Вие се смеете, но јас сум сериозен. Тој рече дека сака да ја продолжи својата активност, сака да се бори за човековите права, и верува дека САД прекршиле некои меѓународни закони, со вмешување во приватните животи на луѓето, и неговата цел е да се справи со тоа. Ние рековме - без нас, ние имаме со што да се справуваме“, рекол рускиот претседател.