1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин: Русија се соочува со системска корупција

Рускиот премиер Владимир Путин денеска (30.01) призна дека земјата се соочува со системска корупција и вети дека ќе создаде нова економија во Русија, по бранот протести во земјата.

default

Рускиот премиер Владимир Путин

Путин призна и дека бизнис климата во Русија е незадоволителна и дека постои недозволена зависност од извоз на енергија. Ставовите на Путин се објавени во статија во бизнис весникот „Ведомости“, во која тој ветува расчистување на патот за чесниот бизнис во Русија до крајот на годинава.

Путин ги изнесува ваквите ветувања пред претседателските избори во Русија, што треба да се случат на 4-ти март.

„Да имаме економија што не ни‘ гарантира стабилност, сувереност или благосостојба, е недопустливо за Русија“, забележа Путин. „Ни‘ треба нова економија со конкурентна индустрија и инфраструктура, со развиен услужен сектор“, додаде Путин.

Porzellan-Figuren des russischen Regierungschefs Wladimir Putin

Шах фигури со ликовите на Путин и на претседателот Медведев

Признат неуспехот на Медведев

Со тоа се чини дека тој го призна неуспехот на програмата за модернизација на претседателот Дмитри Медведев, кого планира да го замени во Кремљ, откако мина четири години во премиерската фотелја.

Путин, во писменото обраќање до народот, ветува и дека државата во следните четири години ќе го намали учеството во големите компании, но во истовреме и дека нема намера да ги продава за малку пари. За транспортниот и градежен сектор Путин забележа дека се „заробени во минатиот век“. Тој смета дека Русија треба да биде светски лидер во атомската индустрија, авионското производство, фармацијата, хемијата и нанотехнологиите.

Весникот „Ведомости“, којшто постојано ја критикува работата на Путин, го објави неговиот текст во целост, прашувајќи „што тој правел сите овие години“? Неговото писмено обраќање доаѓа пред најавениот протест за сабота на движењето против Путин, коешто се надева дека ќе собере десетици илјади луѓе на маршот низ Москва.

Автор: Александар Методијев /СН/афп/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска