1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин против построги санкции за Сирија

Москва и натаму не дозволува да падне режимот на претседателот Башар ел Асад и покрај масовните меѓународни критики. Претседателот Путин на развговорите со канцеларката Меркел и претседател Оланд одби построги санкции.

Францускиот претседател Франсоа Оланд се заложи за оставка на сирискиот претседател Башар ел Асад. Без оставка на Асад неможе да има решение на конфликтот во Сирија, изјави Оланд по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Париз.

Путин од своја страна, се сомнева во влијанието кое би го имале западните барања за оставка на Асад и заострени санкции против Сирија. Рускиот претседател се сомнева дека западните интервенции во Либија и во Ирак биле успешни и предложи „барем во Сирија да се преземат избалансирани мерки“.

Deutschland Besuch Putin

Рускиот претседател и германската канцеларка

Путин, пред посетата на Париз, беше во Берлин. Ситуацијата во сирија беше на дневен ред и на средбата со канцеларката Меркел. Двајцата ставивме јасно до знаење дека мора да се работи на дипломатско решение“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Берлин. Германија и Русија се единствени во анализата на состојбата во Сирија и ја оценуваат како ужасна. Разлики има во дискусијата околу излезот од кризата. „Мора да се стори се‘ за да се спречи граѓанска војна“, нагласи Меркел. И канцеларката и рускиот претседател се залагаат за спроведување на мировниот план на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија, Кофи Анан.

„Не смее да се дејствува со насилство“, рече Владимир Путин. Русија има долгогодишни блиски односи со раководството во Дамаск, но не ги поддржува ниту владата, ни опозицијата, рече Путин, додавајќи дека по протерувањето на сириските а,мбасадори од голем бројд ржави на ЕУ и САД, неговата земја ќе ги одржи односите со сириското раководство какви што се.