Путин: проблемите треба да се решат преку дијалог | Вести | DW | 16.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Путин: проблемите треба да се решат преку дијалог

*

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Техеран се среќава со иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџат со кој ќе разговара околу спорната иранска атомска програма. Путин сака Иран прекине со развојот на атомската програма, но се дистанцира од заканите на Западот за воведување пооостри санкции. Рускиот претседател се залага за пофлексибилен пристап во решавањето на спорот со Иран, наведувајќи го како пример дипломатскиот начин на кој се реши ваквиот проблем со Северна Кореја. Путин во Техеран инаку учествува и на Самитот на државите од брегот на Каспиското море. Тој на маргините на Самитот порача дека употреба на сила во Каспискиот регион е неприфатлива и дека Русија се залага за дијалог во решевањето на сите спорни прашања.

.