1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Путин пристигна во Техеран

*

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Техеран каде денеска се среќава со иранскиот колега Махмуд Ахмадинеџад. По самитот на државите од бреговите на Каспиското море, двајцата претседатели ќе разговараат околу спорната иранска атомска програма. Путин сака Иран прекине со развојот на атомската програма, но се дистанцира од заканите на Западот за воведување пооостри санкции. Рускиот претседател се залага за пофлексибилен пристап во решавањето на спорот со Иран, наведувајќи го како пример дипломатскиот начин на кој се реши ваквиот проблем со Северна Кореја.