1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин по поддршка за своите визии во Берлин

Рускиот премиер Владимир Путин во Берлин се заложи за потесни економски односи меѓу Русија и Европската унија. Неговата визија: слободна трговска зона од Лисабон до Владивосток.

default

Владимир Путин и Ангела Меркел

Во кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот премиер Владимир Путин вчера повторно се заложи за неговата визија за слободна трговија од Лисабон до Владивосток. „Таква слободна трговска зона е комплициран проект, со тоа сме согласни со канцеларката. Но, идејата треба да созрее до практична реализација. Повикувам: преговорите за тоа да почнат колку што може поскоро.“

Германската канцеларка вчера се покажа барем отворена за таквата идеја: „Сметам дека е во ред. Европа и Русија се стратегиски партнери, кои со сигурност се’ уште не го исцрпиле потецијалот за соработка.“

Меркел, сепак, нагласи дека прво мора да паднат увозните царини и други ограничувања. Имено, Русија со високите увозни царини си ја штити сопствената автоиндустрија од странска конкуренција.

Russlands Ministerpräsident Wladimir Putin zum Auftakt des Führungstreffens Wirtschaft 2010

Рускиот премиер Владимир Путин

Пред средбата со канцеларката, Путин се сретна и со претставници на германското стопанство. И тие исто така се залагаат за потесна кооперација. „Се’ што можеме да сториме, како во смисол на инвестиции, кои ни‘ покажуваат дека имаме иста судбина, така и во смисол на создавање зона во која можеме да ја зајакнеме трговијата, е да се дистанцираме од оптоварувањата кои се контрапродуктивни,“ изјави шефот на Дојче банк, Јозеф Акерман.

Поголема соработка со Европа - тука не завршуваат идеите на Владимир Путин. Наредната година Русија би можела да и‘ пристапи дури и на Светската трговска организаиција.

Автор: Јерг Јелинек/ Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM