1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин покажува милост за „Пуси Рајот“

Рускиот претседател Владимир Путин се вклучи во тековниот процес против бендот „Пуси Рајот“. Тој се произнесе, обвинетите панк-музичарки да не бидат престрого казнети.

Од нивниот протест неможе ништо добро да произлесе, но во процесот против музичарките на бендот „Пуси Рајот“ би било соодветно да се покаже благост, смета рускиот претседател Владимир Путин: „Сепак мислам дека не би требало да бидат престрого казнети“, дополни претседателот во Лондон. Истовремено Путин, кој е правник по професија, нагласи дека работа на судот е да донесе пресуда: „Се надевам, дека судот ќе донесе вистинска, добро образложена пресуда“.

Ова е првпат рускиот претседател да се произнесе за процесот. По разговорите со британскиот премиер Дејвид Камерон, Путин рече дека се надева, дека трите обвинети жени ќе извлечат „заклучоци за себе“ и дека ќе научат од сопствените грешки.

Moskau Pussy Riot vor Gericht

Членки на „Пуси Рајот“ пред судот во Москва

Седум години затвор?

Бендот, кој има и други членки, во февруари во московската црква на Спасителот со една „протестна молитва“ демонстираа против тогашниот премиер Владимир Путин, кој стоеше пред неговиот реизбор за претседател. На музичарките сега им се префрлува религиозна омраза, за што им се заканува седумгодишна затворска казна.

Процесот кој започна во понеделникот е критикуван во меѓународни рамки и се смета за политички мотивиран.