1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин: Опозицијата во сите земји е незадоволна по изборите

Рускиот премиер Владимир Путин во традиционалната годишна директна ТВ емисија одговараше на прашања на граѓаните. Очекувано во фокусот беа спорните парламентарни избори и третманот на опозицијата во земјата.

default

Рускиот премиер Владимир Путин денеска (15.12.2011) оцени дека резултатите од неодамна одржаните парламентарни избори во земјата го одразуваат реалниот однос на силите во земјата. Според него гласањето било „ објективно и фер“.

Путин одговараше на прашања на граѓаните во ТВ емисија која секоја година традиционално се емитува на руската телевизија. Во неа премиерот преку одговорите практично има можност да направи биланс на годината . Во годинешнава емисија како главни теми се наметнаа исходот на изборите и односот на Кремљ кон опозицијата. Путин во неа кажа дека владејачката партија „Единствена Русија“ на изборите изгубила некои позиции но оти во тоа нема ништо необично , со оглед дека земјата поминала низ еден многу сложен период на криза.

Либерализација на легислативата?

Russland Präsident Wladimir Putin im Fernsehen Moskau

Коментирајќи ги протестите ширум земјата по изборите, рускиот премиер истакна дека опозицијата е секогаш незадоволна од резултатите на изборите бидејќи се бори за власт и бара какви било можности за да ја освои.

„Опозицијата секогаш говори дека изборите не се фер, во сите земји“, додаде Путин

Путин сугерираше и можност за разлабавување на законската регулатива со цел да се дозволи регистрација и на помали опозициски партии, која не беше возможна пред последните парламентарни избори.

„ Добро, ние ќе ги регистрираме, веројатно, ќе видиме. Потребна ни е некаква промена во легислативата. Повторувам: можеме да либерализираме и да се придвижиме во таа насока“, изјави рускиот премиер.

Русија силно иритира некого на Западот

Путин, се осврна и на информацииите дека некои, како што ги нарече- непријателски сили на Западот, го споредуваат со Моамер Гадафи.

„ Слушнав такви изјави. Всушност во нив не се зборува за мене. Се зборува за Русија. Некои сакаат да ја отстранат Русија за да не им биде пречка, да не им пречи да господарат со планетата “, коментира Путин.

„Се‘ уште постои страв од нашиот нуклеарен потенцијал, затоа Русија е толку силен иритичарки фактор. Освен тоа водиме независна надворешна политика. Сето тоа по се‘ изгледа му пречи на некого“, додаде рускиот премиер и нагласи дека Русија сепак на Западот има повеќе пријатели, отколку непријатели.

Автор:СН/ЖА/ртр/афп/бета/миа

Редактор: Жана Ацеска