1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Путин неочекувано отворен за дијалог

Германскиот канцелар Герхард Шредер и рускиот претседател Владимир Путин се состанаа вчера во Хамбург на седмите германско-руски владини консултации.

Тесно пријателство: Шредер и Путин

Тесно пријателство: Шредер и Путин

Обајцата политичари во кралската сала на градското собрание се запишаа во Златната книга на гостите. Последен руски државник што се запиша во книгата беше Михаил Горбачов во 1992 година. Ова е прва средба по манипулираните претседателски избори во Украина што предизвика несогласности меѓу Европската унија и Русија.

Средбата првобитно беше планирана за септември, но беше одложена поради крвавата заложничка драма во Беслан. Путин синоќа на првите владини консултации се покажа невообичаено отворен за разговор и за непријатните теми, на пример за Чеченија. Подготвен е за се да разговара:

“За слободата на печатот во Русија, за руската внатрешна политика и за ситуацијата во Украина“.

Русија е подготвена да разговара и за предлозите на Европската унија и на Шредер за Чеченија:

“Ќе ви кажам дека овие предлози Москва многу внимателно ќе ги разгеда и ќе ги анализира. Имаме намера тие предлози во целост да ги преземеме“.

Инаку, во фокусот на разговорите, освен ситуацијата во Украина е и соработаката во стопанството и науката. По тој повод Шредер изјави:

“Врските на економски план меѓу Русија и Германија се развиваат икслучително добро и така треба да остане, и тоа не само на енергетски план“.

Надворешно-политичкиот координатор на сојузната влада Гернот Ерлер за односите меѓу Германија и Русија пак, изјави:

“Постојат односи на исклучителна доверба. Ваков однос има со малку кој друг лидер од западните земји, или со некој претставник на САД“.

Инаку, денеска во замокот Готхоф кај Шлезвиг ќе се одржат и меѓусебните германско - руски владини консултации со присуство на најважните министри од обете влади.