1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин најави помилување за Ходорковски

Рускиот претседател Владимир Путин има намера да го помилува поранешниот нафтен олигарх Михаил Ходорковски. Рускиот претседател во рамките на широката амнестија најави и ослободување на членките на „Пуси Рајот“.

Шефот на Кремљ Владимир Путин најави помилување на неговиот критичар и поранешен нафтен олигарх Михаил Ходорковски. „Мислам дека можеме да донесеме одлука и наскоро да биде потпишан декретот за помилување“, изјавил Путин. Според него поранешниот милијардер поднесол за првпат молба за помилување, укажувајќи на болеста на мајка му.

Путин, по големата прес конференција изјави: „Тој одлежа повеќе од десет години затвор. Тоа е доста време“, рече тој пред камерите на државната телевизија.

50 годишниот опозиционер инаку мора да одлежи уште осум месеци од казната затвор, поради обвинувања за финансиски малверзации. Критичарите на пресудата сметаат дека е таа политички мотивирана. Адвокатот на поранешниот милијардер, меѓутоа изјави дека неговиот мандант не врачил барање за помилување кај Путин.

Nadeschda Tolokonnikowa und Maria Aljochina Punkband Pussy Riot Russland Gericht

Пуси Рајот

Претходно рускиот претседател во Москва изјави дека и музичарките на панк бендот „Пуси Рајот“ Надежда Толоконикова и Марија Алјошина се обпдени со широката амнестија која ја усвои рускиот парламент. Исто така и 30 активисти од органзаиицјата „Гринпис“ ќе бидат амнестирани - тие ќе можат да ја напуштат земјата.

Адвокатот на Толконикова и Алјошина, Ирин Хрунова, уште пред почетокот на прес-конференцијата на претседателот Путин во медиумите најави скорешно ослободување. Членовите на семејствата на двете активистки отпатувале кон казнените логори, за да ги поздрават жените.

На Украина и треба поддршка

На прес-конференцијата пред 1.300 меѓународни новинари рускиот претседател претходно ја образложи и политиката на неговата влада кон Укриана. На оваа земја и е потребна поддршката од Русија, соопшти Путин. Земјата западнала во економска, социјална и политичка криза. „Ние треба да се однесуваме како блиски роднини и да го поддржиме украинскиот народ во оваа тешка ситуација“, подвлече Путин.

Конечно, Украина по советскиот период е важен партнер за руското стопанство, вели рускиот претседател. Тој исто така порача дека нема забелешки против договорот меѓу Украина и ЕУ, сѐ додека не бидат попречени интересите на руското стопанство. Експертите напротив го толкуваат купувањето на укрански државни обврзници како тактички чекор против ЕУ.

Рускиот претселдател исто така соопшти дека во Калининград сѐ уште не биле стационирани атомски ракети, но тоа останувало во опција како реакција на ракетниот заштитен штит на САД во Европа.