1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Путин и сопругата се разведуваат

Рускиот претседател Владимир Путин и неговата сопруга Људмила по долго време првпат се појавија заедно во јавноста и соопштија дека се разведуваат! Шпекулации за нивната разделба има долго време.

Владимир Путин и Људмила присуствуваа на балетската претстава „Есмералда“ во Кремљ, по што во заеднички настап за државната телевизија Русија 24 соопштија дека се разделуваат по речиси триесет години заеднички живот.

„Со нашиот брак е готово“, изјави 60-годишниот Путин, истакнувајќи дека одлуката ја донесле заеднички со сопругата.

„Да, може да се каже дека тоа е цивилизиран развод. Нашиот брак е готов поради фактот дека речиси и воопшто не се гледаме“, изјави Људмила Путин. Таа додаде дека не сака настапи во јавноста, ниту постојани авионски летови.

Putin und seine Frau Ljudmila geschieden

Фотографија од некои подобри денови - брачниот пар Путин пред Таџ Махал во Индија

Рускиот претседател ја објасни одлуката со фактот дека не се сите подготвени за високиот степен на публицитет, што ја подразбира улогата на сопруга на политичар на такво ниво. Веста за разводот беше потврдена и од портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Тој, меѓутоа, не можеше да каже дали разводот е веќе правосилен.

Бракот на Владимир Путин и Људмила Путин е склучен на 28 јули 1983 година. Тие имаат две ќерки, Марија и Екатерина. Околу разделбата на сопружниците имаше шпекулации повеќе години. Путин во 2008 година реагираше остро на информациите дека планира наводно свадба со 31 година помладата олимписка победничка Алина Кабајева. Московскиот булеварски весник „Московски Кореспондент“ пишуваше дека Путин тајно се разведува од сопругата и дека сака да се ожени со Кабајева. Уште истата вечер весникот мораше да го запре печатењето поради демантот од Кремљ на ваквата вест. Во Русија е табу да се зборува за приватниот живот на претседателот.